Суперхибридот LaFerrari ќе добие отворена верзија со традиционалното за брендот име Spider. Веста доаѓа од шефот на Fiat-Chrysler, Серџо Маркионе, кој тврди дека проектот веќе се наоѓа во развојна фаза, без да конкретизира рокови за појавата на родстерот.
Ferrari го претстави LaFerrari во пролетта 2013 година на салонот во Женева. Хиперавтомобилот е екипиран со 6.3-литарски V12, со моќност 800 КЅ, 120kW електромотор, придвижуван од јон-литиумски батерии и седумстепена роботизирана трансмисија со две спојки.
LaFerrari забрзува од 0 до 100 km/h за три секунди, а максималната брзина е ограничена принудно на 350 km/h. Лимитираната серија од 499 примероци е распродаден одамна, а како вели Маркионе во план е дополнителна квота и секако новата родстер верзија.