Канадски теренец за само 580.000 долари

Канадската компанија Conquest Vehicles, позната како производител на најдобро заштитениот луксузен теренец на планетата Knight XV, го покажа својот прв неблиндиран модел. Тој ќе се вика Evade, а основната цена му е  580.000 долари.

Теренецот е изграден на платформата на пикап Ford F-550 Super Duty. Тој располага со воздушно потпирање, лесно заменливи делови на каросеријата направени од челик и алуминиум, и се нуди со два мотори – бензинец или дизел.

Засега од компанијата не откриваат никакви технички детали за агрегатите, но според експертите, Канаѓаните сигурно ќе се одлучат за  моторот понуден во Knight XV. Тоа е 6,8 литарски V10 со моќ од 400 КС. Овој мотор може да работи со биоетанол, но и со стандарден бензински мотор.

Управувачот, шарките на вратите и скалите се направени од челик, а рачките на вратите од алуминиум. Теренецот ќе се нуди со 2+2 места, а може да се добие преграда меѓу предниот и задниот дел на ентериерот. Нуди и голем екран, камери за ноќно гледање напред и назад и три подвижни проектори на покривот, кои можат да се управуваат од посебен џојстик. За вантрешноста се користени скапа кожа и алкантара.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -