Германија отсекогаш била прва во светот во многу области: книжевност, наука, архитектура, музика, спорт… Ех, само да не се случеше нацизмот.
На интернет се појави видео од стара, заборавена снимка на Берлин од 1935 година, и тоа во боја. Неверојатно е колку прекрасно и живо изгледа градот, а со него дури и главното „легло“ на нацистите.
Баш вакви видеа го тераат човек на познатата заблуда: „Што ако Германците победеа? Можеби конечно ќе воведеа ред секаде каде што ќе стапнеа?“; освен што нацистите, нели, ги сметаа сите други како суштества од понизок ранг и беа способни на невидени ѕверства. Ама дека има нешто посебно во Германците – има.