Облеката што ја носат жените што се силувани

21-век сме, ама општеството сé уште автоматски претпоставува дека жените што се жртви на силување обично носат облека што повеќе открива отколку што покрива, па со тоа и самите провоцираат да бидат нападнати. Плот-твист: ептен, ама ептен не е така.

„Аман бе, а што носеше?“ (нашки превод од оригиналниот наслов „Well, What Were You Wearing?“) е фото-противаргумент на таквиот опасен став кој во многу има заедничко со културата на обвинување на жртвата и ништо заедничко со желбата да ѝ се помогне. Дело е на Кетрин Камбарери – фотографка од Филаделфија, која реши да им влепи освестувачки шамар на таквите;  единствено преку фотографирање на облеката што силуваните жртви ја носеле во моментот кога биле нападнати; жртви кои подоцна се испрашувани, морално обвинувани и осудувани од истите тие авторитарни власти кои се задолжени да ги штитат. Доволно кажано:

Прочитајте и:  Затвор за сите 13 обвинети од „велешката група“ за сексуална злоупотреба на малолетничка

Katherine_Cambareri_01 Katherine_Cambareri_02 Katherine_Cambareri_03 Katherine_Cambareri_04 Katherine_Cambareri_05 Katherine_Cambareri_06 Katherine_Cambareri_07 Katherine_Cambareri_08 Katherine_Cambareri_09 Katherine_Cambareri_10

- Реклама -