Како се смали тоалетната

Toilet_paper_orientation_over[1]

Веројатно сте забележале нешто чудно во врска со тоалетната хартија, но си молчите за да не ве прогласат за луди. Без грижа, сé е во ред со вас. Со тоалетната хартија – не баш.

Не си фантазирате, тоалетната хартија навистина се смалува од година во година. Некогаш, ролните имаа ширина и должина од 11.5 сантиметри и речиси совршена квадратна форма. Денес се скратени и стеснети за повеќе од 1 сантиметар. Не само што ролните доаѓаат во помали димензии од порано, туку имаат и помал волумен – картонските цевки во ролните се сé поголеми.

„Стандардната ролна е многу помала отколку што беше. Мислам дека две денешни ролни се отприлика еднакви на една некогашна“, вели еден аналитичар на пазарот, кој својот извештај го објави во Consumer Reports.

Единствено што не се сменило е цената. Но, не се работи само за чиста алчност на производителите за поголем профит, иако ваквата суптилна заштеда на тоалетна хартија од нивна страна дефинитивно значи и поголема заработка за нив.

Главната причина е што истите тие компании произведуваат и хартиени салфетки, паломи и слични други хартиени производи, производи кои и не се продаваат баш најдобро во последно време. Овие „споредни“ производи најчесто се употребуваат „надвор од дома“ – по ресторани, хотели, канцеларии и сл. Угостителските и компаниите со многу вработени водат сé повеќе сметка за тоа колку трошат на хартиени марамици, хартии за бришење раце и сл. Се обидуваат што порационално да ги распределат и да нарачуваат што порационални количини. Сé почесто се користат електронски диспанзери на хартија за раце или сушални за раце.

Од друга страна, тоа истото не е возможно да го направат со тоалетната хартија – такво нешто би било катастрофално по нивната репутација. Тоа го знаат и самите корисници, но и производителите на истата. Па така, со суптилното смалување на површината на хартија што ја продаваат по иста цена, производителите се обидуваат да ги компензираат „загубите“ од останатите нивни производи, а и да лапнат малку екстра профит.

Што да се прави, нашиот задник е во нивни раце. Ни останува да си плаќаме.

- Реклама -