Најчудната казна во историјата на фудбалот

Charlie-Buchan-1024x576

Далечната 1924 година, 19-ти април се сретнаа Сандерленд и Арсенал.

Чарлс Бучан, во тој момент најдобриот играч во Англија, го носеше дресот на Сандерленд.

Бучан е роден на 22 септември 1891 година во Пламстед, населба во близина на Лондон. Во декември 1909 година, почна да игра за Вулвич Арсенал, но, и покрај убавите партии во кои настапуваше како резервен играч, тој остана без договор, поради што остатокот од сезоната го помина во Нортфлит Јунајтед. По одличните натпревари и освојувањето на Кент лигата се приклучува во редовите на Лејтон, каде што го видоа лидерите  на Сандерленд, за кои потпишува договор во март 1911 година.

Со неполни 20 години, привлекуваше внимание со својата висина и елеганција. За осум сезони, во периодот од 1912 до 1924 година дури седум пати е најдобар стрелец на Сандерлрнд. Кој знае како приказната ќе се развиваше, ако не се случеше Првата светска војна и единицата „Шервуд Форестер“, на која Бучан и` се приклучи и беше член до крајот на војната, во 1918 година.

buchan-war-268x300

По враќањето во Англија, тој работи како учител во училиштето „Кован Терас“, во исто време игра  за Сандреланд. Но, бидејќи, според неговите зборови, немал сила да ги држи своите предавања како што треба, на почетокот на 1920 година, го напушта училиштето, отвара продавница за спортска опрема , за да може да се посвети на играње фудбал  за Сандерленд.

И тогаш дојде споменатата 1924 година. Средбата не одлучуваше многу. Сандерленд беше трет, а Арсенал кој во меѓувреме го отстрани „Вулвич„ од името, се бореше за опстанок.

buchan

Во текот на лигашкиот натпревар тој постигна гол против (во тоа време) несудениот клуб, и го прослави стискајќи ги своите соиграчи за рацете цврсто, додека овие правеле  болни гримаси на лицето.

Реакција?

Фудбалската асоцијација го казнува поради „недолично однесување“ со паричен надомест од 5 фунти и коментар на „Дејли Мирор“ по мечот:

  • Премногу емотивно славење на гол не е во англискиот дух!

Наредната година најдобриот стрелец во историјата на Сандерленд (222 гола на 411 натпревари), преминува во клубот со кој започна сé, Арсенал, и во 1928-та година ја завршува кариерата.

Потоа, станува новинар и пишува за „Дејли Њуз“, па станува коментатор на „ББС“, додека веројатно најголемиот траг го остава со креирањето на „Асоцијацијата на фудбалери-писатели“ која ја основа во 1947, како и неговиот магазин посветен на фудбалот (Charlie Buchan Futbol Mantli)

Во 1955 издаде и автобиографија под името „Животот во фудбалот“

Умре во 1960 на одмор во Монте Карло

- Реклама -