Брзи, бесни и електрични

5

Италијанскиот дизајнер Умберто Палермо започна производство на електрични возила – Mole ќе нуди само врвни верзии на еколошките возила.

4Бизнисот на Mole е поделен на два дела. Првиот се занимава со оптичко подесување на веќе постоечки автомобили, а вториот создава целосно нови модели. Во јуни на саемот во Торино, компанијата ќе покаже по еден нов модел и од двете единици.

1

За основа на развојот на моделот Mole Valentino е користен Tesla Model S, а новите елементи ја зајакнуваат динамиката на електромобилот, постои нов спојлер и огромен дифузер под задниот браник и 22-инчни алуминиумски фелни.

2Другиот модел на Mole – Luce, е целосно нов проект. Моделот е изграден врз просторна рамка, а каросеријата е од композитни материјали кои 100 проценти може да се рециклираат. Електромоторот на Luce е со моќност од 288 коњски сили и ги управува сите четири тркала.Се уште се испитува дали ќе има доволно сериозен интерес за новите модели на Mole и се очекува годишното производство да е помеѓу 30 и 90 парчиња.

3

Автоплус

- Реклама -