Tom Hopkins – креаторот на продажни шампиони, доаѓа во Скопје

ХопкинсCветскиот експерт #1 за продажба – Tom Hopkins, доаѓа во Скопје! На Конференцијата за Продажба, Преговарање и Networking, легендарниот Tom Hopkins ќе понуди напредни решенија за справување со турбулентните пазарни околности и најголемиот предизвик на секој современ бизнисмен – продажбата, унапредување на продажбата и зголемување на приходот.

Cветскиот експерт #1 за продажба – Tom Hopkins, доаѓа во Скопје! На Конференцијата за Продажба, Преговарање и Networking, легендарниот Tom Hopkins ќе понуди напредни решенија за справување со турбулентните пазарни околности и најголемиот предизвик на секој современ бизнисмен – продажбата, унапредување на продажбата и зголемување на приходот.

hopkingsvoskopje-header-mk

Во својата 30-годишна кариера, професионално има обучено над 3.000.000 менаџери за продажба ширум светот; додека денес 35.000 корпорации ги применуваат токму неговите продажни техни­­ки, а лично обучува 10.000 менаџери за продажба секој месец. Во годината настапува на повеќе од 75 конференции во САД, Канада, Јужна Америка, Кина, Австралија, Нов Зеланд, а дека годишниот приход станува месечен, за него сведочат успешните приказни на неговите клиенти.

Автор е на 14 бестселери, меѓу кои првата “How to Master the Art of Selling” е распродадена во над 1,6 милиони примероци и станува задолжителна литература за светски компании и универзитети.

Воден од мотото Просечното човечко суштество има способност да постигне речиси сè, застанува и останува на врвот. Можете и Вие!

СОВЕТИ ОД ТОМ ХОПКИНС

Затворање на продажба во тешки времиња

Како некои успеваат успешно да ги затвораат продажбите кога економската ситуација е далеку од поволна. Одговорот е многу лесен. Активноста носи продуктивност. Вистинските шампиони можат да ги почувствуваат ефектите на лошата економска ситуација во рамките на нивниот бизнис, но никогаш не си дозволуваат себе си тоа да им влијае врз начинот на кој тие продаваат и квалитетот на услугата која им ја овозможуваат на нивните клиенти, и што е најважно – начинот на кој размислуваат. Наместо да се задлабочуваат во проблемите на економијата и бизнис тековите, тие бараат можност во секоја нова приказна… во секој нов разговор… во секој контакт со клиентите.
Еве, престанете со се што правите во овој момент. Помислете на вашите најголеми 10 клиенти. Кога последен пат зборувавте со секој од нив поединечно? Ако поминало повеќе од месец, тогаш вие сте соочени со сериозен ризик да ги изгубите вашите најголеми клиенти во рацете на вашата конкуренција. Ако вие не се грижите за своите клиенти, верувајте – некој друг ќе го направи тоа.

Развијте ги најважните вештини за Вашата кариера како продавач

Кој дел од Вашето делување треба да го подобрите  за да добиете најголем ефект од Вашите напори? Како тренер за продажба најчесто препорачувам тоа да биде вештината за идентификување на квалификувани лидови. Заедничко за сите топ продавачи во светот е што умеат одлично да препознаат во кој потенцијален клиент се крие можност за голема зделка.

Доставувањето на кратка, егзактна информација, со калкулација и податоци за рок на испорака ќе го скрати времето кое на Вашиот клиент му е потребно за да ја процесира и разгледа Вашата понуда, но истовремено ќе остави попрофесионален впечаток за Вас како продавач, кој вистински и активно ги ислушал потребите на потенцијалните клиенти и кој е спремен ефективно да ги опслужи.

Тоа влијае не само на Вашиот моментален успех, туку и зајакнување на врската со постоечките клиенти. А нели е тоа најважното нешто за секој професионален продавач!

Важноста од поставување лични цели за продажба

Постигнувањето на целите за продажба за Вашaта компанија е еден од најголемите предизвици со кој се соочува секој сопственик на бизнис. Многу фактори кои не можете во целост да ги контролирате влијаат на крајниот резултат- економијата, времето, конкуренцијата. Но еден фактор кој можете да влијаете и кој зависи исклучиво од Вас е Вашиот продажен тим, менаџирањето и мотивирањето на луѓето кои се во директен контакт со Вашите клиенти, од кои и всушност зависи комплетниот успех ва Вашата компанија, и Вас самите.
Паметните сопственици на бизниси и менаџери имаат индивидуален пристап кон секој член на тимот, и редовно работат со секој вработен за да продискутираат што би можело да се очекува од нив како би ја подобриле работата на компанијата. Секој вработен мора да биде евалуиран и оценуван врз база на своите вештини, знаењa и вложувања во работата и да биде споредуван само со себе си. Ваш предизвик како сопственик на компанија или менаџер на продажба не е од целиот тим да создадете копии од најдобриот продавач, туку од секој продавач да изградите најдобра можна верзија од него самиот. Првото впрочем, и не е можно.

Кога е вистинското време за затворање на продажба

Затворањето на продажбата е најважниот чекор во продажниот процес. Многу од моите техники како што се проспектирањето, состаноците со клиенти, квалификување на потенцијални лидови, презентацијата, демонстрацијата и пребродувањето на одбивањата се важни, но доколку не можете да затворите продажба, се споредувате со фудбалски тим кој не може да истрае во своите напори да даде гол и да поентира.

Проблемот кај многумина продавачи е тој што тие толку многу се врзуваат со продажниот процес што не му дозволуваат на потенцијалниот купувач да ја затвори продажбата пред да завршат со излагањето за производот. Верувале или не постојат потенцијални клиенти кои ќе купат брзо. Доколку зборувате а не затворате, ризикувате да не ја зтворите продажбата и да го пропуштите моментот кога клиентот бил подготвен да купи.

Не пропуштајте да го слушнете човекот кој дефинитивно може да направи пресврт во вашите продажни резултати. Неговите продажни рекорди и после толку години се сè уште ненадминати. Тој е човекот кој за 365 дена склучил 365 зделки, а за само 6 години склучил 1.553 бизнис трансакции.

Конечно, слушнете ги и Вие тајните за успешно справување со турбулентните пазарни околности, ефективно преговарање, унапредување на продажбата, зголемување на приходот, и сето тоа дополнето со ексклузивни совети кои може веднаш да ги употребите и да ги претворите идеите во пари.

На 1 јуни, Tom Hopkins LIVE in Skopje.

Повеќе информации на www.hopkinsvoskopje.com

- Реклама -