И КАНГО ЌЕ ЈА БРАНИ МАКЕДОНИЈА

ImageHandler.ashxТешки денови за народното творештво. А народот треба да се прехрани. Од сите страни, лош звук сардисал. Кога ја чув најновата субвенцинирана песна на Канго, која патем чини 9000 еври народни пари, добив нагон да преминам на фолк. Државата која го прогони рок ритамот со катадневни турбофолк тезги, сега сака да спасува нешто што самата го отепала. Аман те бе. Па пред десетина години имавме стотина изведувачи од фолк, поп и рок музиката кои создаваа музика и правеа музички албуми. Инспирацијата на уметникот никогаш не зависела од субвенциите на државата. Наместо автори кои треба да бидат наградени со бина и чист медиумски етер за нивното творештво, државата создава скап неквалитет. А снимија нешто налик на-играм курташак со парите за спотов. Како Ниче Македон и Донски да го напишале текстот на последново просветление на Канго.Испративме нови вибрации во потрагата по гробот на Александар. Мислам дека по овие звуци, сме уште подалеку од него.

Со субвенцинирани песни, нема да добиеме квалитетна музика, но ќе добиеме квалитетни фалачи на власта. Воспоставување на стандарди, сите да бидат ставени на една цицка по која утре сите ќе трчаат.Канго царе, па ти го можеш тоа и подобро!
Слободните уметници можат да го попушат! Есма ќе си лапа доживотна пензија за да се глупира као жири у некои емисии каде гордо ќе го прича срспкиот. Субвенционирате гласници у медиумскиот простор и натаму ќе прашуваат, со чии пари се финансирале протестите на младите. Од таа удобна позиција, ќе не етикетираат ќе не делат и раскаруваат. Се нека иде у курац, само нивните удобности и директорски фотељчиња да останат негибнати. Крах! Ерозија на моралните вредности. Пљуканица у уста на сите кои од љубов творат и создаваат. Овој мој текст не е платен ни со пет пари. Ќе остане како мој белег со стотиците претходни и тоа ќе ме направи задоволен. Еве и тоа го научив у овој дебилен наш свет. Дека државата треба да ти ја  субвенционира инспирацијата, за да оставиш свое творештво!Бар да е квалитет. Тогаш нема никој да рече и да праша.

9000 евра за онаа не-песна на Канго е скапотија која во иднина ќе расте се повеќе. Песна која нема да остави никаков траг у нашата музичка ризница и која ќе остане како жив доказ што може да му се случи на уметникот ако својот профил го даде под кирија на политичарите. А одамна не сте уметници господа. Ниту глумци сте, ниту музичари сте. Обични портпароли сте на политичарите а наградата за вашата лојалност ќе се замачкува преку превезот на субвенционирање на чист неквалитет! Со тие пари можеа да се исинхронизираат неколку детски цртани филови на македонски јазик. Нашите деца во моментов гледаат цртани филмови на странски јазици. Министерството за култура го промаши првиот слој во општеството. Но нема да го промаши оној слој кој е од круцијално значење за нивниот политички рејтинг.

Некаде пред 10-15 години на нашата естрада ги имавме Меморија, Леб и Сол, Студени нозе, Last expedition,Архангел, Нокаут, Ристо Бомбата, Пепи, Наум, Гоце Арнаудов, Гоце Николовски, Синтезис, Ерзана, и да не ги бројам сите ликови кои оставија траг за сечиј вкус. Некогаш се создаваше музика иако немаше субвенции. Немаше ни билборди со анонимуси ко Адил и Милица. Имаше здрава македонска почва каде нашите пеачи имаа слободен простор да напраат концерт и да продадат свој албум. Сега имаме една тешка и дебела нула од музичко творештво, замачкано преку некои нелогични субвенционирања и маса на публика без вкус за музика,кој добива организиран превоз за концерт на некој си шабани од Врање и Лесковац. Лицемерие до крај од кој публиката ќе остане сува и гладна за добар sound. Soundot e мртов одамна. Се повеќе наликува на пропаганда и етикета кон опортунистите кои сакаат да излезат од овој кич кој не зароби. И ќе не заробува се повеќе. Каков простор во уметноста таков простор и по медиумиве и интернет порталите. Веќе никој не може да се доџапа до своето место ако не се согласи да стане безгласна буква и декор во нивната преродба.

- Реклама -