Секој Велигден иста песна. И оваа година, по радијава врти хитот на Џокси. Да водеше чоекот дневник ќе моеше да навезе некој ред, за тоа колку пати Велигден се поклопил со Први Мај, за тоа колку краставиците и патлиџаните поскапеле и дали оваа година ќе се тегне јагне на трпезата или ќе го јадеме ден два покасно, кога ќе им падне цената. На оние шо нема да се шитнат за празникот. Јагнето у Велигден и костенот за Бадник се ореолот на нашата вера и на нашата човечка рамка. Шверц со религија и продавање муда за бубрези. Си умираме така одвнатре а никој не се збогати од ценовниот шок шо ни го принесуваат пред празникот над празниците.
И Шарената револуција ја ставија у мирување. Диктатура си е диктатура ама и продолжен викенд си е продолжен викенд. Дечките кои заработија домашен притвор ќе осетат некоја горка кнедла у грлата, а може и ќе добијат некое подароче и сувенирче од нивните соборци кои ќе пичат на 5 дневен одмор. Јебала ве револуција која се уклучува и исклучува на дугме. Хорхе не си даде оставка, аболицијата на кримосите е на сила а фронтмените од првите борбени редови фатија дим на празничен одмор. Христос ќе воскресне секако, а ние? Не верувам. Бар не у догледно време. Ќе си трчаме уште долго по вкусот на колбасицата, наместо да пробаме да ги смениме нашите човечки стандарди. Работникот ќе се килави и понатаму без да му се плати викенд и празник а синдикатите ќе се сликаат со окезените министри. Кснете и вие колбавче омрсете го мустаќот. Да не отиде празников фира, долга ви е битката во текот на годината.
Невестите ги извапцаа своите први јајца и ги шернаа на ФБ. За да не им стаиме минус, а станувале у 4 сабајле. Комерцијализацијата на празникот го направи црвеното јајце да пошарени. Лушпи од кромид и разни срциња и лепенки. Црвено јајце си е црвено јајце, но шареното у крошната повеќе се цени. Напорот на невестите да ги нашараат јајцата велигденски, веројатно е поголем од оној на кокошката која го снела црвено јајце. Секој со своите маки јеби га. За нас пакосните, најдобар начин за фарбање јајца е фарбање со кармин. Али тоа е далеку од духовниот момент на денот и затоа ќе си го каснам јазикот за муабетов.
Оваа година пред Велигден, одбележуваме 15 години од колежот на 8 те наши бранители во селото Вејце. Нека запише Џокси у дневникот дека и оваа година, свежо цвеќе во Вејце положија, НИКОЈ ОД ДРЖАВНИОТ ВРВ. Ниту патриотите ниту предавниците. Секоја година се поскромно и се посимболично државата го обележува самиот ден. Изгледа фазата на умирање не завршува ко ќе ти ја фрлат црната земја над очи. По тој чин, умираш уште едно 10-15 години, се додека не отидеш у целосен заборав.
Македонија е нешто слично на една неверна дроља која го закопува својот покоен животен сопатник и за кратко време седнува во скутот на некој нов. Ги заборавивме хероите од нашата најнова историја. Како утре идните генерации ќе ги спомнуваат? Веројатно никако. Се оди кон бришење на тој дел од историјата. Ќе остане да сведочи во вид на лузна и рана на некогаш младиот борец, кој сеуште не може да ја прифати суровата реалност. Јеби га. Денес патриотизам е да ја сакаш партијата која ти дарува директорски места. Не државата поради која си останал сакат во душата и телото. Нека го запише и ова Џокси во мемораите…
НАПИША: БУЛЕВАРКО