Среќен роденден Чоло!

simeone

Денес, Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид полни 46 години.

Зад себе има повеќе од 100 настапи за аргентинската репрезентација, и се појави на 3 светски првенства, 94-тата во Америка, 98-та во Франција и 2002-та во Јапонија и Кореја.

Својата богата клупска кариера ја започна во 1987-та година, во Велез, па играше за Пиза, Севиља, Атлетико Мадрид, Интер, Лацио и Расинг. Играше на средината на теренот и имаше повеќе улоги (освојуваше топки, а знаеше и да направи брза контра, па и да даде гол). Остана запаметен како лидер во тимовите каде настапуваше, беше добар техничар, интелигентен играч и секогаш цврст во дуелите.

Тренерската кариера ја започна во 2006-тата година во клубот каде што се пензионираше како играч. По една година беше тренер и на Естудинтес, Ривер и Сан Лоренцо, кога замина во Европа, во Катанија, па повторно во Расинг, за на крајот да распали со Атлетико Мадрид. Од 2011 до денес, тој го води Атлетико Мадрид и сигурно е најголемиот „виновник“ за успесите на клубот додека е под негова палка.

Неговиот темперамент се чувствува и во играта на „јорганџиите“.

Како играч со Атлетико Мадрид освои титула 95-96та, со Интер – УЕФА Куп 97-98, со Лацио – Серија А – 99-00, со Аргентина 2 пати Копа Америка.

Како тренер, 2 пати освојува аргентинска Примера, со 2 различни клуба, Естудиантес и Ривер.

Со Атлетико го освојува Шпанското првенство, УЕФА Европа лига 2011-2012 и Европскиот суперкуп – 2012.

2 пати беше прогласуван и за тренер на годината (2013, 2014).

Среќен роденден Чоло!

diegoooo

- Реклама -