Преболувањето на партнерот по раскинувањето никогаш не е лесно, а особено ако станува збор за врска во која сексот бил навистина добар. Многумина продолжуваат да имаат секс со бившиот партнер и по раскинувањето, а особено ако и двајцата партнери се сами.
Сигурност
Раскинувањето често остава љубовни белези поради кои луѓето се плашат да се отворат кон нова личност. Во прегратките на бившиот партнер ќе се чувствувате сигурно, а некогаш тоа повеќе ви недоставува и од самиот сексуален чин.
Познат терен
Ако поминало долго време по прекинот на врската, а и двајцата сте сами, тогаш природно е да почнете да се прашувате зошто не искористите нешто што знаете дека е добро. Добро се познавате и точно знаете што сакате во креветот, па нема простор за страв од непријатни изненадувања.
Недостиг на самодоверба
Можеби по крајот на врската ја изгубивте самодовербата, па средбата со некој што знаете дека ве смета за атрактивни ви доаѓа како инстантно зголемување на егото. Оваа ситуација е добра само ако сте сами. Не дозволувајте сексот од завршената врска да ви ги уништи шансите во новата што допрва почнува.
Крај на врската
Понекогаш ни самите не сте свесни зошто врската завршила и тешко ви е да се збогувате со чувствата. Така, сексот со партнерот се јавува како начин на кој може да се збогувате од него.
Нема одговорност
Сега кога веќе не сте во врска, а имате шанса за секс, се губи одговорноста и се чувствувате слободно. Нема потреба да се грижите дали треба да се слушнете следниот ден и кон што тоа би можело да води.
Осаменост
Сексот е интимно доживување кое буди многу јаки чувства, особено ако станува збор за чин со личност што некогаш сте ја сакале. Можеби едноставно ви недостига малку љубов и внимание и поради тоа се враќате во прегратките на бившиот.
Обид за смирување
Ако едната страна и понатаму има чувства и не го заборавила партнерот, може да го користи сексот како причина за смирување. Пред да се впуштите во ваква авантура, добро размислете што сакате и што очекувате и бидете сигурни дека и партнерот е на чисто со неговите желби и очекувања.