За време на салонот во Пекинг, деби на штандот на Lexus има новата верзија на еден од најпознатите иконски модели во портфолиото на марката – IS.
Од компанијата коментираат дека како резултат на популарноста на оваа верзија на моделот, дизајнерите решиле да ги сочуваат основните стилистички елементи, но и покрај тоа предниот дел на возилото претрпел речиси комплетна трансформација. Главните елементи таму се новите фарови, поголемите отвори за воздух во браникот, новата предна маска и друго. Од Lexus порабитиле сериозно и задниот дел на автомобилот, каде откриваме нови светлосни блокови. Во внатрешноста на новиот Lexus IS остава впечаток новиот мултимедијален и инфокомуникациски систем со 10,3-инчен екран, нови колоритни решенија, материјали и друго.
Од Lexus коментираат дека моторната гама на IS ќе остане непроменета со три предлози, а во системите за активна безбедност додаден е Lexus Safety System +, која ги комбинира составите Pre-Collision System, Lane Departure Alert (LDA) со помош на управувањето, автоматски фарови и адаптивна круз контрола.