•. Кога нема да завршиш нешто, ти си мрзлив. Кога шефот нема да заврши нешто, тој е многу зафатен.
• Кога ќе згрешиш, ти си идиот. Кога шефот ќе згреши, тој е човек, човечки е да се греши.
• Кога ќе направиш нешто без негова согласност, ти ги преминуваш овластувањата. Кога тој ќе направи нешто такво, тоа е иницијатива.
• Кога ќе заземеш страна, тоа е погрешната страна. Кога шефот ќе заземе страна, тоа е одлучност.
• Кога не ги запазуваш правилата, грешиш. Кога шефот ги игнорира, тоа е оригиналност.
• Кога си фин/а со шефот, ти си подлизувач/ка. Кога тој се подлизува на неговиот шеф, тоа е соработка.
• Кога си надвор од канцеларија, ти се шлаеш. Кога шефот е надвор од канцеларија, тој излегол по работа.
• Кога ќе земеш боледување, сигурно се преправаш. Кога шефот ќе земе, тој е страшно болен.
• Кога ти ќе побараш одмор, барањето е неосновано. Кога шефот ќе побара, тој е преморен.