Секој петти човек се сомнева дека комшиите му се вонземјани

aliens-bunny-killing-rovers-and-a-moon-base-what-all-is-nasa-hiding[1]
„Хахахаах… Чекај малце… Комши, озбилен си?“

Вонземјаните постојат и живеат меѓу нас маскирани како обични луѓе! Во тоа веруваат 20% од учесниците во глобалното истражување на Ројтерс. Истражувањето опфаќа 23.000 возрасни лица, од 22 земји.

Мажите повеќе веруваат дека „вистината е некаде меѓу нас“. 22% од нив сметаат дека има вонземјани што живеат на Земјата, додека кај жените тој процент е 17%.

Тие што најчесто веруваат дека инфилтрираните екстра-терестријалци живеат во нивниот град, обично се на возраст под 35 години, а зборуваме за луѓе со различна едукација, професија и приходи.

Од прашаните Индијци и Кинези, дури 40% се убедени дека вонземјаните се шетаат по нивните улици маскирани во нивни сонародници и соседи. Дека комшиите им се вонземјани, најмногу одбиваат да поверуваат од прашаните во Белгија, Шведска и Холандија. Таму дури 92% сметаат дека таквото тврдење е апсурдно.

Излегува дека луѓето во најнаселените земји се повеќе склони да мислат дека комшиите не им се од оваа планета. Можеби, ама само можеби, ова се должи на фактот што во земјите со помалку население, луѓето подобро се познаваат меѓу себе и помалку се сомневаат дека луѓето што ги среќаваат на улица имаат некаква тајна, и тоа вонземска.

- Реклама -