Уличната уметност апсолутно владее во делови од Шангај, Кина, особено во областите околу „Моганшан Роуд“, јадрото што ги привлекува визуелно креативните луѓе од целиот град, во кој патем живеат повеќе од 20 милиони жители.
Најдобрите графити – тие што те тераат да се замислиш, се јавија како протест против рутинското рушење на постарата архитектура во градот. Многу од нив беа избришани од кинеската влада уште во јануари во 2015 година, но сé уште има многу што да се види во Шангај, особено по улиците во постарите населби.
Еве мал дел од боите на градот.