Стигмата околу марихуаната сé повеќе се намалува, ама многу земји во светот заостануваат во нејзиното прифаќање, барем на легална основа. Сепак, тоа не ги спречува луѓето да ја консумираат.
Мапава во продолжение е направена врз основа на податоците со кои располагаа Обединетите нации во 2011 година и прикажува колку е всушност раширена на глобално ниво. Поконкретно, мапата ја прикажува „годишната популарност“ во секоја од земјите. „Годишна популарност“ се однесува на процентот од населението кој консумирал канабис барем еднаш во годината на истражување.
Во земјите како Сингапур, каде казната за обично пушење марихуана може да биде и затвор, стапката на популарност на марихуаната е најмала. Многу земји во Југоисточна Азија имаат строги закони околу дрогата: Во Индонезија, има минимум четиригодишна казна за секој што ќе биде фатен да поседува марихуана, додека во Малезија, шверцувањето на дрога е казниво со смрт.
Во САД, каде марихуаната е легална во само 4 држави, само 13.7% од популацијата користи канабис годишно. Со тоа отпаѓа (претежно помеѓу Американците) митот дека Американците го предводат светот во прифаќањето на марихуаната.
За тоа зборуваат и бројките на Северните Маријански Острови и Папуа Нова Гвинеја, кои ги имаат двата највисоки процента на мапата, со 22.2% и 29.5% соодветно. И покрај тоа што Папуа Нова Гвинеја е прва на листата, марихуаната таму е забранета, но тоа не го спречува островот да биде најголем производител на дрогата.
А Холандија, каде кафулињата со марихуана се позната туристичка атракција, е застапена со неочекувано низок процент – 5.4%, за разлика, на пример, од Италија, каде застапеноста е 14.6%.
Во 2013, Уругвај стана првата земја што комплетно ја легализираше марихуаната – резолуција која тие ја нарекоа „Големиот експеримент“. Судејќи по неговиот пример, се чини дека Јужна Америка е местото каде човек би сакал да отиде за да ужива во најрелаксирани закони за марихуана. Во Чиле, марихуаната за лична употреба е легална од 2015, а во Колумбија владата неодамна го декриминализираше одгледувањето на до 20 стебла, за лична или за медицинска употреба.