„Робијав во Казнениот дом на округот Монтгомери и затворот во округот Честер, и можам да речам дека затворот е едно големо срање. Округот Монтгомери е прљав како самиот ѓавол – бев во притворните единици во Филаделфија, кои се малку помалку прљави. Те држат во големи ќелии со 16 затвореници, кои ги викаат „колиби“. Жестоко срање е да си таму внатре, тепачки избиваат скоро секоја вечер. Практично секој ден во Монтгомери беше причина за грижа; таму поминав сé на сé 10 дена (во еден наврат), а имав чувство како да сум останал со години. Секој ден морав внимателно да гледам околу себе. Во мојата ќелија тепачките ги имаше секоја вечер, а претепувања имаше и во просторијата за дневен престој. Слободното време смеевме да го поминуваме во дворот, а таму претепуваа луѓе со чорапи наполнети со сапун, како го најголемо затворско клише.
Не можете да ја избегнете расата во затворот. Монтгомери е многу, многу црн. зафаќа делови од Фили (Филаделфија), градови како Нористаун, некои од „најтврдите“ делови на Пенсилванија. Момци од Џермантаун. Среќа, затоа што некогаш живеев во Фили, затоа што познавам некои луѓе кои и тие ликови ги знаеја и затоа што не сум расистички гомнар, успеав да опстанам како белец. Ама тие ги земаат на пик белците и латиносите, а латиносите се организираат во групи и ги напаѓаат белците. Надвор, белецот е главен; внатре, белецот е папуча.
Округот Честер е тотална спротивност: многу побел; почист, поиндивидуален, ќелиите и павилјоните се налик на филмските, па се чувствувате побезбедно. Ако го занемариме расното прашање, затворениците во двата затвора сфаќаа дека сме сите мање-више рамноправни – сите стигнувавме во окови и сите ќе излеземе во окови.
И на сите ни беше неиздржливо досадно.
Додека сте зад решетки, ви треба нешто за да го убиете времето. Морате нешто да правите и работите. Полно слободно време и досада значи дека ќе се играат разни игри и дека луѓето ќе се коцкаат. Поголем дел од времето кое го поминав во Честер, бев сам во изолација и бев среќен кога ќе се дочепав до книга или шпил карти.
Но во Монтгомери времето го поминувавме играјќи прости карташки игри – казино, пикови, срца, реми и ајнц – и други, физички захтевни игри, како што се два отскока, четири отскока, рачен тенис, тенис и кошарка.
Кошарката, тенисот и рекометот се помалку или повеќе како што и самото име им кажува. Ги играте за време на престојот во дворот исто како што би ги играле надвор. Но, другиве игри се карактеристични за затворот. Можете да ги играте дури и во текот на потполни блокади и за нив не треба многу време. Тие патуваат од установа до установа, од државна до федерална, затворениците ги носат со себе кога се селат. Тоа е дел од затворската култура.
Рачниот тенис беше популарен во Монтгомери. Во колибите има низок ѕид кој го дели просторот. Двајца стојат од секоја страна, еден игра напред, друг позади – земаат тениска топка и играат тенис без рекети. Дури и некои чувари играа рачен тенис со нас во Монтгомери, сé додека еден ден не нападнаа еден новајлија.
Два отскока и четири отскока се прости игри кои ви даваат многу прилики за кладење. Практично поставувате корпа за ѓубре или канта на некои 6-7 метри, а целта е да го уфрлите што и да е тоа што го фрлате со само два (или четири) отскока. Ги знаете оние „рол-он“ дезодоранси? Ги кршевме и ги вадевме топчињата. Моравме да жртвуваме дезодоранс стик за да можеме да играме (а тоа не е мала жртва кога си зад решетки), но топката е направена од цврста пластика и тоа мало гомно убаво отскокнува. Ги користевме ластиците од гаќите за да направиме нешто налик на топка од ластици за коса; еднаш дури одбивавме учебници од подот, само за да играме.
Сериозен сум. Зад решетки е ебено досадно.
Ќе најдете мета и момците ќе се постројат да играат; обично однапред го договарате бројот на поени, да речеме 10. Ако прв стигнеш до тој збир, тоа е тоа, ти победуваш. Потоа играат сите останати за да се одреди кој е последен. Тој ќе мора да исплати големи влог, како кафе, десерт или ќе мора да прави склекови. Имате и помошен влог од страна: да речеме дека победникот веќе ја добил партијата, а ти и јас сме некаде на средина на екипата. Можам да те погледнам и да речам: „Се кладам дека ќе освојам еден поен повеќе од тебе. Се кладам во крофна“. И тогаша навистина поминуваме на работата. Било да победиме или изгубиме вкупната игра, јас и ти имаме своја мала кладба.
Кога е во прашање коцката, мора да сфатите дека зад решетки сé има своја вредност. Ако имате пари, можете да се коцкате во пари. Или можете да се коцкате во храна или пијалок од автомат. Крофните и ебената Кока-кола се првокласни артикли. Кафе? Кафето е ебена валута. Ако имате кафе, а мензата не работи? Ау, можете да станете крал на павиљонот само со помош на кафе. А ако некако успеете да прокриумчарите цигари? Вие сте голема фаца и можете да се кладите во што сакате.
Во останатите случаи се кладите во склекови. Да речеме дека ти и јас сме одиграле партија од нешто и јас сум се кладел во 50 склека. Се игра на „веднаш“ или „по потреба“. „Веднаш“ значи дека ако изгубиш, легнуваш на земја и правиш 50 склекови. „По потреба“ зачи дека во било кое време додека робијаме можам да ти побарам да направиш било кој број склекови, сé додека бројот не достигнеш 50. Разговараш со чуварите? Јас ти велам: „Еј, пет склекови“ и ти мораш да ги направиш. Ако не послушаш, има последици. Обично последиците се насилни, ама сега нема да навлегуваме во детали.
Во врска со кладењето зад решетки, морате да знаете дека тоа е помалку робија, а повеќе бизнис школа. Тоа е всушност затворот – сé се сведува на тоа кој што има, кој што сака и што има на продажба,.
И робијашите се луѓе, а игри играме од иста причина како и тие на слобода: да убиеме време, да ни биде повозбудливо, да ни помине коцкарската желба. И да изградиме заедница и стекнеме пријатели.
Игрите го пробиваат мразот. Така стекнувате пријатели, освојувате чинии со храна, добивате почит. Играте со пријателите. Што повеќе играте во колибите, колибите повеќе ќе ве чуваат.
Тоа беше огромен проблем со кој моравме да се соочиме – еден лик се заебаваше со нашата колиба, па цела наша колиба се крена на нозе за да го сјебеме. Ние меѓусебно се заебаваме, нормално, ама овој лик беше аутсајдер и нé заебаваше нас. И така, целата колиба сакаше да учествува. Не се заебаваш со своите; сите внатре сме заедно.
Во колиба си, играш игра и на крајот сите учествуваат. А тие што не учествуваат… е, па тие не траат долго“.
B. David Zarley, за Vice