СЕЌАВАЊА НА АМЕРИКА “СТРАВ И ОМРАЗА ВО МАНГУМ” (VIII Поглавје)

“До душа, имаше и поинтересни сељанчици кои изгледаа далеку по-порно од Зои, но околу нив имаше цели генгбенг групи од начукани реднеци и сигурно ќе завршев заврзан за куката од некој пик-ап само ако помислев да им се убацам во букакето, не па да се обидам да освајам соло како Роко Зифреди.“

Dick Major

Мангум.
Вукојебина во југо-западот на Оклахома.
“Кај Кур?“ во бесконечната прерија на “Немам Појма!“.
Безначајна тачка некаде далеку од здравиот разум на секој што дошол да си ја бара среќата на територијата на историските каубојци и индијанци.
Земјата на заборавот која дури и сезонските торнада ја заобиколуваат кога ќе распалат токму низ тој предел… некаде на граница со Тексас.
Мало гратче, помало и од Пехчево со помалку од 3000 жители, но со 2 центри за рехабилитација од метамфетамин и од алкохол!

s1

Ете, тоа е Мангум во кој дојававме со Треј во неговиот црвен Мустанг кабриолет.

Веднаш го стишивме радиото на кое рокаше I’m Deranged на Давид Боуви за тазе објавениот саундтрак на ремек делото Lost Highway“ на Дејвид Линч. На влез во гратчето застанавме на еден празен и запуштен паркинг за да го кренеме покривот на Мустангот и така да не ги предизвикуваме духовите во градот на духови.

s2

Претпазливо се вративме во колата и полека продолживме да се тркаламе низ празните улички додека баравме телефон да се јавиме на сестра му на Мајк за да ни каже каде да одиме. Бевме препаднати и крајно изненадени од местото кое влеваше страв и трепет во коските, Треј и Пит во Земјата на Чудата како што кисело се пошегува Треј откако неколку километри претходно си кажа дека се чувствувал како Алиса во роман на Стивен Кинг.

s3

Додека возевме десет на саат, се расправавме кој ќе излезе од колата за да се јави кога ќе го најдеме ебаниот јавен телефон кој никаде не можевме да го видиме. После неколку претпазливи вртења на неколку сабласни ќошиња без сообраќај, ја здогледавме зградата на поштата која изгледаше како сет за Ноќ на Вешетерките 11-ти дел.

There is the post office” полувозбудено и крајно збунето ми кажа Треј како да сме дошле на Скијатос зошто беше комплетно еуфоричен и изреметен од спидот.

There must be a payphone in there. For sure Pit! продолжи низ цвокотање на забите.

s4

Се паркиравме и за прв пат видовме човек кој излезе од поштата.

„Погледни Треј, тука живеат луѓе“ со укочена вилица му вратив на будалиов кој веднаш почна испаничено да си ја вади готик шминката. Мислам дека истиот момент како што го виде човечето кое зачудено нè одмина со вртење глава а-ла девојчето во “Егзорцист“, Треј се покаја зошто не ги земал пик-ап-от и каубојскиот шеишир на вујко му наместо Мустангот и тотално промашениот Мерилин Менсон имиџ.

Се разбира дека јас бев тој што ќе мора да излезе од колата за да се јави.

Како што влегов во зградата која делуваше преголема за едно мало место како Мангум, се осетив како да сум во искривоколчена верзија на филм на браќата Коен. За среќа, јавните телефони беа веднаш на влезот во поштата така што не морав да се ставам во ситуација одблиску да разменам поглед со двете округли постари жени позади шалтерите на другиот крај од просторијата.

Почнав да буричкам низ џебовите во потрага по ситниш за да се јавам кога двете тетки кои изгледаа како да се пораснатите и сега веќе дебелки близначки од The Shining, со ситни наочари и со големи фенирани фризури, љубопитно почнаа да се интересираат за моето присуство.

Периферно и од крајот на погледот приметив дека си дофрлаат по некој збор додека ме гледаа како да гледаат документарец на Дејвид Атенбуроу за некоjа егзотична птица на Discovery Chanel. Инстантно почна да ме оросува блага параноја, не само заради целиот амбиент и заради циглата грас сокриена во резервната гума во колата надвор, туку и заради неколкуте црти кренк што сé уште ми ги гореа синусите. Паранојата ме опна уште повеќе кога сфатив дека немам ситно за да се јавам на сестра му на Мајк.

s5

Како помочан излетав од поштата на ужасот и дојдов до колата. Треј веќе си ја беше извадил шминката до пола и изгледаше како ретардиран кловн кој покиснал на пороен летен дожд.How do I look? Did you get the directions?” ме праша додека го подшмркнуваше остатокот од последната црта која ја зацепавме само 30 миљи претходно.

Give me a quarter! I need a goddamn quarter right now!!!” нафурано му свикав додека се цедев од пот. Треј се извади од памет и неартикулирано почна да копа по џебовите. Избезумено ми даде неколку парички и толку се пресече што делуваше како да ќе го мавне срце.

Се вратив кон поштата и како што почнав да се качувам по скалите пред влезот, двете теткички веќе излегуваа надвор поведени од љубопитноста за невообичаениот странец кој им го пореметил секојдневието.

Се заебаа пошто ладно ги одминав и одма влегов внатре. Само ќе беше чудно веднаш да тргнеа назад по мене, и во моментот играв баш на таа карта.

Знаев дека ќе треба да бидам многу брз.

Со прецизност како на Меџик Џонсон го фрлив четврт доларот во слотот на телефонот за да се јавам. Не заѕвоне ни два пати кога дигна женски глас, сестра му на Мајк – Мими. Зборев како што се чувствував, брзо и конфузно. Не можеше да ме разбере, но дефинитивно знаеше дека на другата страна е странецот кој живее кај брат ӣ и кој ӣ носи кило сканк. Ми објасни да одам право од поштата, па лево па десно па пак десно, па право до крајот на улицата.

Спуштив баш кога двете теткици се вратија назад во зградата.

s6

Затишје Пред Бура

Набрзина влегов назад во колата и за помалку од 3 минути бевме пред куќата на сестра му на Мајк која нé чекаше во двор без трева или какво било растение, но со гордо развиорено американско знаме кое како да ќе се искинеше на силниот ветер. Во воздухот можеше да се почувствува специфичниот мирис на озон, а само што започнуваше сезона на торнада.

„Ќе врне“ ӣ кажав без прво да спомнам дека и мувите касаат.

Yeah, there is a storm coming, that’s for sure.” ми врати Мими како што рибар од Трпејца знае дека ќе врне на сончев ден. Да не беше буцана, да немаше четириесет и кусур и да не й го видoв лицето на позадина од развиорена американштина, ќе речев дека е сестра й на Покахонтас. Само фалеше косата да й беше врзана во две плетенки со закачен пердув од сокол и едно типи наместо трошна куќичка во дворот за да ја сликам за Пулицер.

s7

Се претставивме со Треј и влеговме внатре.

Beer or bourbon?“ крајно гостопримливо нѐ праша Мими која делуваше како и самата да е скркана на спид.

„Две пива за мене.“ ӣ нарачав во стилот на Буковски.

How ‘bout your friend here?“, ме праша за Треј кого кренкот го беше збудалил до степен на апсолитен Зен Будизам. Беше укочен како да ќарил хипотермија и само капакот на едното око му мрдаше во ритамот на лошата кантри тралалајка која завиваше во позадина на ретро радиото.

„Знаеш што, донеси ни ти флаша бурбон ако не е проблем.“ й одговорив, и Мими се окези со празна насмевка без заби, но веднаш се покри преку устата кога й текна дека заборавила да си ја стави вештачката вилица.

Да, си помислив, оваа жена е наркоман.

Куќичката беше празна и трагична. Ѕидовите беа голи и валкани, намештајот стар и тажен и наоколу ни случајно не можеше да се чуе детско кикотење иако имаше прљави и искршени играчки насекаде. Како што разбравме скоро веднаш, Мими беше разведена со двете мали деца кај бившиот, работеше како медицинска сестра во старечки дом во соседното гратче, и многу бргу се испостави дека е тежок зависник од метамфетамин како и што помислив.

Се опуштивме на каучот и мислам дека испив пола гајба пиво во рекордно кратко време…

Саат време подоцна дојде Мет, помалиот брат на Мајк и Мими заедно со девојка му Патриша. Влегоа внатре како Бони и Клајд, сомнително и наострено.

s8

Мет и Патриша беа пар од соништата на Патриша. Мет беше млад дечко во своите доцни дваесети, со убав и здрав израз на лицето, изделкан како индијански тотем, со остри црти и со најубавите најцрни очи што некогаш ги имав видено. За разлика од Мајк и Мими, Мет само продаваше дрога и не помислуваше ниту да ја дегустира а камо ли па нешто повеќе. Патриша пак беше најмалку дваесетина години постара од него, но толку долго беше тежок зависник од кристал мет што иако имаше околу пеесетина и кусур, изгужваното лице од брчки наредено со рани од чешање од дрогата како и рапавиот глас ја правеа да изгледа како да има најмалку седумдесет.

s9

Набрзина му го предадовме грасот на Мет и веднаш потоа Треј одлучи дека ќе си оди. Мангум и целата атмосфера со Бони и Клајд му беа премногу. Здрви два бурбона на екс и испуши еден џоинт да се олабави од спидот. Се зами и си замина без да каже Arrivederla.

Истиот момент кога силниот ветер ја тресна вратата позади него, Мими и Патриша се распослаа на искинатиот кауч, извадија стаклени лулиња за спид и ми понудија и мене. Веднаш стана јасно дека Патриша е главна. Си го прати лепотанот да го однесе грасот на некој локален дилер и помеѓу кратките пафкања со стакленото луле ми објасни дека ќе сум работел како шанкер во нејзината кафана, за беспари и само за бакиш.

Take it or leave it kid ми кажа строго и отсечно.

Се разбира дека прифатив зошто немав друга опција. Треј веќе беше на пат за Оклахома Сити, а јас немав друг начин да заработам, ако не за ништо друго туку барем за автобуска карта назад во цивилизација.

Со оглед на тоа што кафаната на Патриша работеше само навечер, Мими предложи преку ден да сум работел на фарма каде се одгледуваа greyhound кучиња за трки која беше во сопственост на некој нејзин роднина.

И тоа го прифатив, ми се виде интересно, будала! Уствари, прифатив сѐ што ми предложија, па и стакленото луле, да пробам само малце…

Торнадо

Цела ноќ ја поминав во еуфорично муабетење со Мими која си легна дури некаде околу 5 саат сабајле. Јас бев толку скркан што почнав да ја чистам куќата и ја дочекав Мими во пиц-пец средена дневна соба, со доручек и кафе и тоа само два саати подоцна кога Мими се разбуди. Индијанката веднаш запали цигара и го извади стакленото луле. Ми понуди и мене, но й кажав дека шмркањето некако повеќе ми годи. Бапнав две црти за добро утро и за секунда бев спремен за работа како штотуку да сум се разбудил и самиот. Пола саат подоцна влеговме во кола и отидовме на фармата за кучиња која на Мими ӣ беше на пат до соседното гратче каде и работеше.

s10

„Ќе работиш од сега па сé додека не те земе Мими. Пауза за ручек нема зошто нема каде да си купиш да јадеш. Ќе добиеш 4 долари саатница – кеш пари на крајот на денот! Другите двајца ќе ти објаснат што ти е работа. Ова го правам дека си ӣ пријател на Мими.“ брзо ми објасни газдата на фармата за кучиња, роднината на Мајк и Мими – Бак.

Јеботе, Бак се викаше говедото!

Бак уствари им беше роднина по белата Де-Ен-Ка на индијанците Вер. Имаше неколку фарми од кои и оваа за тркачки кучиња, но претежно работеше со говеда. Имаше неколку илјади говеда. Имаше и две кланици за говеда. Додека ми го даваше краткиот монолог приметив дека во канцеларијата насекаде имаше рогови и слики од говеда, додека јадеше стек од говедо за доручек… А и самиот беше говедо, од најмалку двесте кила, но со убаво измазнети тенки бркчиња на кои и Салвадор Дали би позавидел и беше накитен како елка со големи златни прстени кои му беа заробени во дебелите мрсни прсти. Бак беше дефиниција за говедо, и директно и преносно и како во стриповите за авантурите на Талични Том.

s11

Ќутенката излеговме со Мими која ќутенката си замина за на работа.

Пред канцеларијата на Бак-Говедото ме чекаа двајцата сироти црнци кои работеа на фармата. Кратко и јасно ми ги објаснија должностите кои вклучуваа: да се пуштат двестете кучиња на прошетка; да се нахранат двестете кучиња; да им се исчистат двестете засебни кафези на кучињата; да се исчистат гомната после прошетката на двестете кучиња откако ќе се вратат едно по едно во своите двесте исчистени кафези; да се исчешлаат сите двесте кучиња; REPEAT…

Имаше два проблеми во сево ова. Прво, се спремаше невреме и дуваше до толку што за ручек изедов еден куп влакна. Второ, како што поминуваше време така ме пушташе спидот и почнав да се чувствувам крајно мизерно и истоштено, што физички, но уште пострашно – психички, каде што губев воља за сé. Веќе комплетно клапнав осум саати подоцна кога дојде Мими да ме земе.

На крајот на денот секретарката на Бак-Говедот, која и самата личеше на дотерана крава со ладна, ми ги даде триесет и двата мизерно заработени долари и колабирав на совозачкото седиште во колата на Мими. Но Мими точно знаше што ми треба. Ми даде една дебела црта кренк и вољата за живот ми се врати како да ми се родил син првенец!

* * *

После првиот ден на фармата за тркачки загари имав време само да се истуширам набрзака. Долгата коса сé уште ми беше мокра саат и кусур подоцна кога пристигнав на новото работно место, втора и трета смена во кафаната Patricia’s”.

s12

Patricia’s” беше комплекс од неколку големи и импровизирано споени штали на некои си триесетина километри од Мангум и тоа насред апсолутна темница in the middle of nowhere

Не така. Треба да започнам малку…

Во Америка, и тоа поготово во хипер-христијанските територии имаат локални законодавци кои имаат апсолутно право својата општина да си ја направат сува општина или во превод Dry County”. Тоа ти е уствари општина каде е забрането продавање или, не дај боже, точење на било каков алкохол во целата таа општина. Мангум е во такозвана Greer County која во тоа време беше ултра супер сува, така што Патриша си ја направи Patricia’s” веднаш во соседната општина и на буквално неколку стотина метри од сувата општина. Тоа ти е нешто како да не е дозволен алкохол во кафани и продавници во Кавадарци па сите треба да идат у Неготино на вино ем ракија. Отприлика така некако, отприлика… Не е ни чудо што беше џган полно од зајдисонце до изгрејсонце.

Како што кажав погоре, Patricia’s” беше комплекс од неколку споени штали на некои си триесетина километри од Мангум in the middle of nowhere

Како приоѓавме со колата на Мими, така сонцето заоѓаше од другата страна на шофершајбната, позади модрите натежнати облаци и точно позади кафаната која однадвор изгледаше пострашно и од “Titty Twister“, проколнатата кафана од From Dusk Till Dawn на Р.Родригез, филм кој доволно иронично го видов во кино само неколку месеци претходно.

Внатре не беше ништо поромантично. Мирисаше на влага, дрвените ѕидови од стари даски беа мувлосани и црвливи, имаше мала импровизирана бина на која веќе се подготвуваше да свири некој бенд и целата атмосфера беше темна каде единствените светла доаѓаа од белите неонки на фрижидерите за пиво и од неколкуте бели и црвени спот светла над малиот шанк во чии зраци се маглеше прашината помешана со густиот чад од цигарата која висеше од устата на бубњарот.

s13

Се свртевме наоколу, но никаде не можевме да ја видиме Патриша. Како дух, од сенките се појави Мет кој ни кажа дека девојка му е во нејзината “канцеларија“. Мене не ми звучеше ни малку иронично, но веројатно бил баш тоа зошто со Мими ја најдовме Патриша во едното од вецињата додека седеше на закоравено прљава ве-це шоља и додека ӣ течеше крв од изрешетаната рака во која се пукаше со redneck speedball, комбинација на кристал мет и оксикотон, инаку хардкор опијат на морфиумска база.

Колку и да бев нарокан и самиот после два дена кркање од истото срање минус даунерот, сепак глетката ме замрзна и ми остана вивидно врежана во сеќавањата на Америка до ден денеска како една од помизерните работи што некогаш сум ги видел. Страотно е мал збор, а ужас уште помал.

s14

This is the new batch* (*серија) ӣ кажа Патриша на Мими,  „Want some?

Мими културно ӣ одговори дека сакала само од спидот. Беше повеќе од очигледно дека сами си го правеа метамфетаминот, локално.

Патриша успорено ни даде до знаење да ја затвориме вратата…

Бев во ве-це кое мирисаше на шејк од повраќаница, пролив–прскаец и устоена мочка, со две тешки наркоманки кои можеа да ми бидат мајки, додека куваа локална роба и користеа иста игла и очигледно многу пати користен шприц. Ми понудија и мене, но кратко им одговорив дека шмркање ми годи повеќе.

You don’t know what you’re missing kid.“ доста вака мајчински ми кажа Патриша со лигаици низ зборовите и извади едно кесе полно со кристал мет стуткано во грутка со големина на тенисерска топка. Ми кажа да ја извадам пластиката од кутијата цигари и во неа ми стави два големи прстофати од кристализираниот ѓавол.

„Ова ќе ти трае до крајот на престојот. Тоа ти е мојот бакшиш. Welcome to Mangum son.” ми кажа издрогираната и константно полумртва стара вештерка. Мими се вознемири и веднаш ми кажа да бидам претпазлив, да не претерувам и навистина да ја распределам количината за наредните три дена. Патриша ја пресече насред збор и дофрли He’s young, he can take it” па ме погледна похотно “You sure are young, ain’t ya boy…”

Й климнав потврдно и шмркнав црта доволно голема за да ми изгори дупка до окото кое веднаш почна да ми солзи.

s15

Дрогата беше многу јака и посилна од што било што сум почувствувал во мојата многу кратка кариера со дрогирање, која да не заборавиме – беше од рекреативен карактер и започна само неколку месеци претходно со потатко ми Мајк кој лично ме прати во Мангум за да “ми помогне“.

Crystal Meth, Crissy, Tina, Crank, Speed, Glass, Ice, Dope – никој не му го знае вистинското име не ѓаволот. И токму како да му ја продадов душата на безимениот, ѓаволот за возврат ми правеше да се чувствувам како да сум дури и премногу бистар, се чувствував крајно фокусирано, енергичено како нуклеарен реактор и расположено до зла бога. И сето тоa го впрегнав во мојата работа како шанкер во десетиот круг на пеколот – “Patricia’s”.

s40
Како почнаа да доаѓаат гостите од кои повеќето игледаа како да ги одбиле на кастинг за некој циркус од деветнаесетиот век, така истите тие фрикови биваа забезекнати од долгокосиот македонски лав со бујно и кадраво крзно на главата. Сите бараа причина да ми направат муабет и што подобро освен да нарачаш пијачка од шанкерот за да му го доживееш како цемент тврдиот акцент кога те прашува What did you say???“. Сите ми фрлаа бакшиш како јас да сум главната атракција, а не сфаќаа дека всушност токму пред мене во живо се одвиваше постмодерен цитат на Герника на Пикасо, сплотен во движечки мозаик од изместени лица направени лом на спид и алкохол. Сите до еден беа лом! Се шљокаше до бесвест додека свиреше најраштимуваниот канри рок бенд западно од Кина и само ве-це-то беше позафатено од просторот пред шанкот!

s17

Во толпата фрикови сепак имаше понекоја бонбона. Како на пример Зои, која делуваше како да се вљуби во мене веднаш откако ми го нарача првиот Bud Light, а продолжи да нарачува и за пријателите само за да има можност да ми се насмее и да пофлертува со мене низ кратки дофрлувања додека служев пиво и бурбон на пар стотици жедни простачини, пола од кои беа нарокани и на спид.

До душа, имаше и поинтересни сељанчици кои изгледаа далеку по-порно од Зои, но околу нив имаше цели генгбенг групи од начукани реднеци и сигурно ќе завршев заврзан за куката од некој пик-ап само ако помислев да им се убацам во букакето, не па да се обидам да освајам соло како Роко Зифреди.

Зои секако не беше за фрлање и ӣ го фрлив пикот како на слика од Саша Греј додека ја срчам Лиса Ен (search=lisa+ann+gangbang+bukakke).

s18

После првата ноќ како шанкер испадна дека математиката на Мајк била точна. Заработив преку педесет долари и заедно со работата на фармата за тркачки кучиња навистина изгледаше дека во следните три дена ќе ќарам дупло повеќе од двестете долари колку што му обештетив на татко ми кога се дозна дека сум мочал на некој таму розев Кадилак.

Правев пари и американскиот сон ми се случуваше во real time!(ха ха)

s19

Утредента, повторно неспиен но крајно пресреќен од постојаниот наплив на хемиски индуциран допамин, отидов на фармата на Бак-Говедото за да си поиграм со кучињата. Имав полн џеб спид и работата ми беше како песна: Ла Ла Ла… На крајот на денот ќарив дополнителни триесетина долари и се упатив директно во “Patricia’s затоа што почна да врне а Мими сакаше да стигнеме таму пред да се направело кал.

Патриша беше повеќе од задоволна со мојата работа од претходната ноќ кога ми пријде да ме информира дека имало некоја многу слатка цурица која ме меркала. Но, исто така ми кажа и дека мажот на заинтересираната цурица можел да наврати на пијачка така што ме предупреди да сум бил внимателен. Мажената цурица за која ми кажа Патриша беше всушност Зои.

s20

И ден денеска, кога мислам на семејно насилство со педофилија инклудед, кога мислам на мизериите на ниската класа од down south југот на Америка, кога мислам на реднек културата и на неказнети злодела – мислам на Зои и на нејзината судбина која звучи како најстрашниот меш-ап на митот за смртничката Аталанта и оној за нимфата Ехо. (Кој знае – знае, кој не знае – нема везе. У кратки црти, едната имала сексуален проблем со татко ӣ кога била малечка, а другата била осакатена кога сакала да си го спаси љубовникот).

Зои. Зои изгледаше како да ми беше врсничка иако беше точно десет години постара од мене. Испадна дека сме родени на ист датум, а тоа не се заборава… Беше слатка малечка петитна џебна Венера со големи очи и бел тен како фамозната Снежана со седумте џиџиња. Зои дури и зборуваше како да е тинејџерка. Гласот ӣ беше како на девојче, но исто така беше и мааалку заостаната во развојот, скоро неприметно, но доволно за да остави комплетен впечаток на детски наивна осумнаесет годишна клинка. Сигурно не звучеше како дваесет и осум годишна мајка на четири деца од кои најмалото имаше дури три години, а најстарото, кое беше од татко ӣ имаше полни тринаесет. ЛУ!-ДИ!-ЛО!

s41

На крајот на мојата втора ноќ на “гостување“ како шанкер-атракција во Тити Твистерот на Патриша, ноќ која заврши многу порано и со многу помалку бакшиш од очекуваното, надвор веќе се истураше небото кое сакаше да ја изебе земјата па двете се споија. Врнеше како во големиот потоп во Библијата, како да ќе поплави светот. И покрај тоа што повеќе од три саата порано повеќето од гостите сфатија дека доаѓа тешко невреме, имаше неколумина кои или буквално беа заглавени во кал или чекаа прилика за да си заминат кога невремето ќе стивне. Помеѓу нив беше и Зои која тотално очигледно беше залепена за мене.

Патриша веднаш кажа дека ќе спиела во кафаната и се врати во “канцеларија“ на што Мими се согласи дека е добра идеја, додека ја гледаше Зои директно во очите!

„Можам јас да те однесам дома“ веднаш ми кажа Зои со милозвучниот детски глас. Ја погледнав Мими која ми се насмеа со одобрување и се согласив кога ӣ ги замеркав сочните бутчиња за Зои.

s22

Ајдее, идемеее…

Зои го возеше најголемиот Доџ пик-ап на паркингот, пик-ап кој се разбира дека беше на сопругот. Веднаш како што влеговме во камиончето Зои ми се отвори за мажот ӣ: „Сигурно се дупи со некоја тинејџерка. Почна да ми ги приметува борите околу устата кога се смеам и сега го бара она вистинското каде и да стигне“.

Мислам дека не можеше подиректно да ми каже дека сака да му се одмазди на мажот ӣ со тоа што ќе се изебе со првиот најмлад Македонец во Greer County на кој ќе наиде.

Врнеше како да ќе снема вода и претпазливо се возевме низ малите пoплавени патчиња додека маваа молњи како што сигрно запукал Зевс кога дознал за далаверата со Ехо. Во меѓувреме Зои си се отвори уште повеќе и си кажа сé што имаше да си каже за да се оправда пред самата себе зошто и двајцата знаевме дека ќе се издупиме кај и да е.

Меѓутоа, во нејзиното излагање имаше и парчиња монолог кои беа крајно дегутантни: “Имам четири деца, само да си знаеш“, ми кажа. „Татко ми ми беше прв дечко кога имав дванаесет и му родив син зошто бев ќерка единица“ продолжи како да ми раскажува дека времето во овој период од годината било исто секоја година. „Мажот ми Џони-бој ми е братучед и океј е тоа. Имаме три деца заедно, плус првото од татко ми, и они сите се океј“, ми ја разложи суштината за нејзината инцестоидна династија кога сфатив дека е дефинитивно пореметена во развојот. Беше искрена и налудничаво насмеана додека ми збореше за љубовната врска со татко ӣ. Ми збореше за тоа како мажот ӣ Џони-бој редовно ја тепа но дека е така зошто ја сака. Ми збореше како татко ӣ починал од тага кога се омажила за синот на брат му и како сега Џони-бој ја вара со малолетнички зошто она остарела, а се знаеле од малечки кога и најмногу се сакале и кога за прв пат имале секс!!!

s42

Пола саат подоцна стигнавме кај неа дома, на другиот крај од истата уличка каде живееше и Мими. Во кратките блеснувања на молскавиците можеше да се почувствува дека небото е живо и дека кај и да е ќе се спушти торнадо.

Небото се истураше како од леген и звукот беше заглушувачки.

Зои стави прст показалец на устата за да бидам тивок и влеговме во куќата.

На каучот хрчеше старата бебиситерка која ја одминавме тивко и експерсно пред да нé фати живи.

Истиот момент како што влеговме во спалната каде ѕидовите беа наредени со ловечки стрели и пушки и со глави – трофеи од уловени диви свињи, Зои ме грабна за половината и ми се спушти за да провери дали ми е дигнат. Малиот прилепчанец не потфрли и веднаш ја фрлив на креветот.

Се соблеков, ја протресов долгата и густа виткана коса и ӣ се симнав од што ми беше жал за неа. Сакав да ӣ биде убаво и љубовно како што никогаш не ӣ било. Џони-бој сигурно никогаш не ӣ се симнал, си помислив.

s24

Загњурив помеѓу нејзините нозе и ӣ правев чудесија сá ноќ. Имаше и друга причина зошто како Хамберт Хамберт заглавив со главата помеѓу нозете на возрасната Лолита. Иако ми се дигаше, никако не можев да свршам од целиот спид кој ми фучеше низ крвта. Малиот прилепчанец чат-пат ќе се надразнеше за кратко тук-и-тамо, но никако да ӣ опстои на својата мариовска гордост до самиот крај. Исто така бев во постојана параноја дека ќе се појави Џони-бој па тоа дополнително ми правеше фрка.

После саат и кусур релативно културен и минимално перверзен секс Зои почна да ме удира и да ме гребе и да ме моли да ја плескам и да ја удирам и да бидам што е можно поголем садист и во исто време да ӣ се обраќам со “little slut”, “ “dirty whore”, “daddy’s little bitch” и слично.

Хмм, нови искуства, си помислив, можеби и ќе свршам… и почнав да й го давам како што татко ӣ не ни помислил да ӣ го даде кога ӣ направил дете. Ја пљукав и ја гмечев и ӣ пикав прсти кај треба и кај не треба за да се напалам и да свршам… Но, кристалиот ѓавол беше посилен од мојата стамина.

Некаде околу шест саат сабајле Зои беше преебана како манекен кој го фрлиле од дуќан после години употреба. Јас пак од друга страна бев комплетно исфрустриран и сакав да свршам по секоја цена – God damn it!

s25

Ӣ го пикав во уста, во г’з, помеѓу цицки, помеѓу прсти на нозе – секаде, но немаше свршавка, а она пак свршаваше до толку повеќе, како некоја супер излудена порно глумица за време на снимање на extreme bondage сцена. Сакаше посилно и појако и посилно, и на крај сакаше и уште поагресивно и со тепање, и за цело тоа време задоволно се кикотеше како мало девојче на кое му купиле нов точак…

Не можев да ја удирам како што бараше, не ми беше тоа филмот ама ич! Но, упорно бутав колку што можев. По уште некои си десетина минути Зои веќе беше на empty и почна да клапнува, а јас сирот – никако да свршам и бев на крај на силите и на разумот.

s26

Низ ролетните на прозорците и помеѓу брзите заблескувања на молњите надвор, видов како позади Доџ пик-ап-от се паркира уште поголем пик-ап кој повеќе наликуваше на оние Monster Trucks отколку на што било друго аутопревозно. Зои се сврте по мојот поглед и преебано се насмеа кога ми кажа да бегам зошто тоа бил Џони-бој. Бев збунет, но хитеричното смеење на сиротата и уништена Зои ми укажа дека животот дефинитивно ми е во многу сериозна и реална опасност.

Набрзина си ги земав парталите и како што низ силниот дожд ја видов силуетата на Џони-бој дека влегува во куќата, така излегов низ прозорецот на спалната соба.

You better run little love bunny” налудничаво и задоволно ми кажа Зои. Хорор.

Полугол, почнав да бегам низ силното невреме. Run Forest – Runси помислив додека трчав колку што ме држеа нозете. За момент се свртев и далеку позади себе ја видов тенката силуета на Џони-бој со сачмарка во рацете. Убацив у турбо кога видов дека збудалениот кретен почна да трча по мене. Мислам дека срцето ми пропадна во стапалата кои веќе не ги ни чувствував. Трчав кон куќата на Мими, но бев доволно паметен за да знам дека Џони-бој веројатно прво таму ќе ме бара. Отсечно свртев во првиот двор и како маринец на тренинг се фрлив преку оградата. Паднав во кал до колена и помеѓу заглушувачките грмотевици чув силен истрел од пушка. Се проверив да видам да не сум упуцан и збудалено се окезив кога сфатив дека сум сѐ уште жив и здрав. Од тој двор преку ограда се прекачив во друг, па од тој во трет и излегов на другата паралелна улица.

На некои си стотина метри видов една напуштена приколка со искршени прозорци и се скрив под неа, позади нејзините дупли издишани гуми.

s27

Се тресев од студ, се тресев од страв, се цедев од вода, бев избезумен и преплашен. Се обидував да се смирам, да си ги котролирам дишењето и пулсот кои ми удираа во ушите посилно и од невремето кое стануваше сѐ поопако и кое рушеше сѐ пред себе. Мислев дека сум готов, мислев дека Џони-бој ќе ме најде и дека ќе ме упуца зошто жена му сѐ уште можеше да се намириса насекаде на моето младо и згодно тело. Причина повеќе за повеќе од еден куршум во главата, си помислив.

s28

Останав да се тресам од страв и од студ под приколката неколку саати и само еднаш ги видов огромните гуми на пик-ап-от на Џони-бој кога поминаа по улицата во потрага по љубовникот на лудата му жена и прва братучетка.

Во меѓувреме, невремето не прекунуваше да ми ја корне душата низ ушите. Иако беше веќе скоро пладне, изгледаше како да е доцен сомрак. Небото беше темно виолетово и грмотевиците не прекинуваа да распичуваат до бесвест. На улицата немаше жива душа кога претпазливо исползев од под приколката. Како исплашен зајак, отидов до куќата на Мими каде сега веќе беше паркирана нејзината кола. Помислив дека Џони-бој може да биде внатре така што прво ја исчекирав ситуацијата низ прозорци. Среќа што Мими беше таа што ме примети кога ми даде знак да влезам низ задната врата.

You are a dead man Pit. You need to get outta town right now!” ми кажа потресено и со широко ококорени очи. Ме пукаше паника посилно отколку што маваа грмотевици на само неколку метри од куќата во која звучеше како да ќе се откорне покривот додека нé опкружуваше фонија од постојаниот звук на поројниот дожд.

Бевме залепени за прозорецот да видиме да не дојде Џони-бој додека ковавме план за моето бегство.

s29

Во неколку реченици Мими ми објасни дека Зои изела сериозен ќотек и му кажала на својот сопруг доволно за да овој се наоружа до заб и да ме бара низ целата општина со неколку негови другари. Ми кажа дека веќе бил и кај неа дома и ӣ се заканил дека ќе ја рокне ако не му каже каде сум. Мими навистина не знаеше каде сум па веројатно нејзиниот искрен сурат во моментот на испрашување го предомислил Џони-бој да ги обои ѕидовите на куќата со нејзиниот мозок и распарчена лобања.

Опциите ми беа никакви, поготово со оглед на тоа што имаше предупредување за торнадо кое каде и да беше – сигурно ќе удреше тука некаде…

Мими му се јави на Мајк кој беше во Тексас и му ја долови тежината на ситуацијата со една кратка и многу јасна реченица: If you don’t get here right now to get Pit outta Mangum, your foreign exchange son is history“.

Мими спушти слушалка и ми кажа дека Мајк ќе дошол најбрзо што може, за некои си 8 саати.

s30

Не помина ни пола саат кога пред куќата со чкрипка дојде огромниот пик-ап на Џони-бој. Мими веднаш ми кажа да се сoкријам и трчанката отидов во гаражата каде покрај очекуваниот хаос беа веш машината и машината за сушење алишта. Индијанката беше одвратна па насекаде имаше цели купишта прљави гаќи, мајци, чаршави, јоргани и ќебиња. Се бутнав и легнав во најголемото купче гадотии и целиот се прекрив.

Единствениот фокус ми беше да дишам што е можно посмирено за да нема никакво видливо движење.

Можев да го чујам Џони-бој од другата страна на ѕидот кога влезе непоканет како да му е внук на Џејмс “Оклахома-Џек“ Кларк, фамозниот одметник од првата половина на XX-от век. Неговото викање и застрашувачко заканување ми правеа сериозен проблем да останам смирен. Тенките ѕидови ми го открија неговото чекорење низ куќата додека ме бараше насекаде како диво куче. Беше само прашање на секунди пред да ме побара и во гаражата.

Сé некако како да се стиши на фејд аут. Веќе не можев да ги чујам грмотевиците, дождот и сирените за предупредување од торнадо кои само до пред некој момент врескаа без престан.

Единствено што можев да чујам беше пеколната тишина во мојата глава која ја разби силниот тропот на тешките чизми од кожа на звечарка кои само за момент успеав да ги ѕирнам низ еден мал процеп во купот стари алишта кога Џони-бој влезе во гаражата. Воздухот веднаш почна да се ремети од неговиот гнев, од неговата омраза и од неговата оправдана желба за мојата крв! Звукот на чекорењето на тврдиот ѓон на каубојките се промува низ гаражата и по неколку бесконечни секунди замина надвор.

Не ме најде.

Бев толку престрашен што не можев да си го осетам лицето. Ми дојде да се расплачам но не можев да ризикувам, не кога бев толку блиску до моето успешно бегство од сигурна смрт.

Чув како за’ржаа дванаесте цилиндри на мототрот на пик-ап-от на Џони-бој, а веднаш потоа и звукот на масивните гуми како заминуваат. Тамам да се расплачам, Мими влезе во гаражата и ми кажа да останам кај што сум – во нејзините прљави гаќи.

Во меѓувреме бапнав уште неколку црти кренк и останав да го чекам Мајк-Спасителот во купчето гнасотија .

Сирота Мими, низ што помина…

Мајк дојде доцна вечерта и прво што направи – ӣ бапна една тешка шамарчина на сестра му. Не е дека Мими не заслужи, ама кој да му бапне шамарчина на Мајк. Сакаше и мене да ме зачука, но се обузда зошто знаеше дека на крајот на краиштата, вината беше само негова.

Ме сокри во неговиот пик-ап и избегавме од Мангум г’з преку глава, низ поројниот дожд и тешкото невреме кое никако да прекинеше.

Кога стигнавме во Оклахома Сити, на вести дознавме дека неколку саати претходно силно торнадо го заобиколило Мангум за само неколку стотици метри.

s31

Следното поглавје после првиот следен дожд…

Dick Major

- Реклама -