45 години „стокец“

14133d1408482171-20140812-dsc_0373[1]

Иако во „Auto-magazin“ се најде уште во 1970 година, првата Zastava 101 прв пат пред јавноста е претставена на 19 април 1971 година, на саемот за автомобили во Белград.

Првиот сериски произведен „стокец“ (со број на шасија 00001) беше симнат од производната лента на 16 ноември 1971-ва, а рекордното производство од 88.918 е забележано во 1979 година. Милионитиот е произведен во 1991, а последниот (со шасија со број 1.273.532) беше испратен во историјата на 21 ноември 2008, по 37 години производство на моделот.

Од сите автомобили на територија на бивша СФРЈ, само 101 е автомобил кој беше карактеризиран во две крајности. Една група возачи уште би го гланцале и чувале и не би се одрекле од својот стокец, а другите тврдат дека е најлошиот автомобил на светот и дека тие што го возат, го возат само затоа што мораат.

Сеедно, 101 е најуспешен и најпродаван модел на крагуевска Zastava, произведен е во најголем број примероци, имаше најголем извоз, беше најмодерен во својата класа во Европа кога се појави, помина најригорозни тестови, а во последната година од производството беше „вториот најевтин автомобил во светот“. Повеќето погрдно, а некои од милост, го нарекуваа „стојадин“.

Полицијата го возеше, ееј!
Полицијата го возеше, ееј!

Историјата на „Zastava NV“ (NV – „национално возило“), како што го пишуваа медиумите, започна во Торино 1967 година, кога Данте Џакоза, во соработка со дизајнерската куќа „Boano“, разви идеја за хечбек верзија на FIAT 128, под ознака FIAT 128 B1. Овој модел беше премногу пред своето време за FIAT, па проектот остана во работна фаза, сé до посетата на делегацијата од Zastava, на чело со Првослав Ракович, во 1969 година. Делегацијата се надеваше на лиценца за FIAT 124, кој требаше да ја обогати и модернизира понудата на Zastava, но понудата на FIAT беше уште подобра – лиценца за FIAT 124 хечбек, најмодерниот автомобил за својата класа во Европа. Истата година почнува создавањето на легендата наречена „стокец“.

Колку и да одрекуваат, Zastava 101 беше бренд и успешен автомобил во своето време. Со оглед на тоа дека се продаваше и во рамките на понудата на FIAT, имаше голема побарувачка во европските земји како Франција, Германија, Велика Британија и во земјите од источниот блок. Во Чехословачка, Zastava 101 беше статусен симбол и не секој можеше да си го дозволи, а тие што го имаа обично беа личности од посебна важност. Сé на сé, побарувачката беше толку голема што Zastava не беше ни блиску до произведување на доволен број возила за извоз.

- Реклама -