Volkswagen со нов концептен SUV

vw1

Volkswagen објави дека за време на медународниот салон за возила во Пекинг ќе се одржи светската премиера на концептен SUV модел, кој ќе ја демонстрира насоката во која компанијата работи на создавање на нов луксузен теренец.

vw2

Во моментов од Volkswagen нудат малку детали за својот нов прототип, но коментираат дека тоа ќе биде еден од највисоко технолошките развиени SUV автомобили. Од брендот додаваат исто така, дека тој ќе демонстрира спортско-елегантен дизајн, ќе предложи дигитални решенија од нова димензија, вклучувајќи и посебен информативен екран Curved Interaction Area.

vw3

Погонскиот систем на новиот концепт SUV на VW ќе биде хибриден со моќност од 380 коњски сили и максимален вртежен момент од 700 Nm. Во чист електричен режим, возилото ќе може да помине до 50 километри, а просечната потрошувачка ќе изнесува помалку од 3 литри на 100 километри.

Прочитајте и:  „Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД

vw4

Автоплус

- Реклама -