Околу 500-ката на Меси!

messi

На вчерашниот натпревар помеѓу Барса и Валенсија, Меси го постигна својот 500-ти погодок.

Меси својот прв погодок за својот еден и единствен клуб го посигна на 17 години против Албасете во мај 2005-тата, а до вчера постигна уште 449 гола за Барселона.

Останатите 50 ги постигна за Аргентина.

Од 500-те голови, 411 од игра, 64 пенали и 25 слободни удари.

406 со лева нога, 71 со десна, 21 со глава и 2 со други делови од телото.

Најмногу голови им има дадено на Атлетико Матдрид и Севиља, по 25, додека на Реал Мадрид 5 помалку.

Најдобра соработка има со Дани Алвес кој му има асистирано 42 пати.

До бројката 500 доаѓа по 632 меча – 0,78 голови по натпревар.

- Реклама -