Не сте на Facebook? Најверојатно сте психопат

Facebook има повеќе од 955 милиони корисници, а ако вие не сте еден од нив тоа може да ви создаде проблеми.

Некои психијатри и работодавци имаат сомнежи кон индивидуите кои немаат Facebook профил. Тоа е бидејќи за денешната млада генерација да се биде на Facebook е „нормално“, што значи дека спротивното е „абнормално“.

Работодавците би можеле да се посомневаат дека отсуството од социјалната мрежа значи дека нивниот профил бил толку навредлив што морале да го избришат. Сепак 90 проценти од регрутерите ги проверуваат онлајн профилите на секој кандидат. Слично и за психолозите Facebook активноста е одраз на здрав социјален живот.

„Интернетот стана природен дел од животот“ вели психологот Кристофер Моелер за германскиот Der Taggspiegel. „Можно е да чувствувате позитивен фидбек од онлајн пријателите.“ Ако се претерани, Facebook интеракциите можат да го зацврстат чувството на социјална анцкиозност кои ги искусувамен во вистински живот.

Прочитајте и:  Видеоповиците на Messenger стануваат HD и со подобар звук

Како што посочува германскиот магазин, и Џејмс Холмс кој изврши масакр во киното во Аурора и Андрес Беринг Бревик немале профили на Facebook. Во статијата дури е предложено и дека оние кои го избегнуваат Facebook можат да бидат третирани како масовни убијци.

И Холмс и Бревик имале онлајн профили на помалку познати социјални мрежи – Бревик на MySpace, Холмс на Adult Friend Finder. Дали вие се сомневате во луѓето кои немаат Facebook профил? Дали мислите дека активен Facebook профил е одраз на здрав социјален живот? [Is not joining Facebook a sign you’re a psychopath? Some employers and psychologists say it’s ‘suspicious’]

- Реклама -