Какви автомобили сака генерацијата Z?

z1

Тим од американски студенти од Clemson University го претставија концептниот компактен ван под називот uBox. Прототипот е наменет за т.н. генерација Z (Generation Z) – родени во периодот на крајот на минатиот и во првите години на новиот век.

z2Анкетите и анализите тврдат дека мнозинството од овие млади луѓе не се заинтересирани многу за купување на скапи автомобили – факт поради кој автомобилската индустрија треба да се промени. Имено луѓе од засегнатата генерација, како што се учениците од Clemson University, знаат најдобро каков треба да е автомобилот за нив. Концептот е превозно средство, целосно да ги задоволува потребите и да биде максимално функционален и практичен.

z3uBox или Deep Orange 6 е ван, над кој работат 18 студенти, два дизајнери од ArtCenter и тим на Toyota. Компактниот ван е со чудни форми, но од друга страна има широки можности за трансформација на внатрешноста. Возилото може да се користи и за превоз на лица, за превоз на стока, вклучувајки и доста долги елементи. Седиштата се на специјални шини и трансформацијата е многу лесна. Голем дел од деталите во внатрешноста се направени со помош на иновативните 3D принтери. Со нив се направени и дефлектор, системот за вентилација, централната конзола и вратите. Благодарение на овој метод секој иден клиент ќе може лесно да го персонализира ентериерот на возилото, според вкусовите и потребите, без тоа да го поскапува крајниот продукт.

z4

Што се однесува до погонскиот агрегат,  тој претставува електромотор, но во оваа фаза учениците не даваат податоци ниту за неговата моќ, ниту за автономијата на возилото. Погонскиот агрегат ќе може да се користи како за погон на возилото, така и за полнење на надворешните електрични уреди. Последното станува возможно благодарение на неколкуте 110-волтни приклучоци во внатрешноста.

z5

Тоа воопшто не е прв ваков проект на Clemson University, кој се реализира во соработка со некој од големите автомобилски производители. Во 2013 година учениците од оваа високообразовна институција направија заедно со Mazda хечбек со шест седишта, а во 2014 година  претставија пикап, направен врз основа на компактниот баварски кросовер – BMW Х3.

z6 z7

Автоплус

- Реклама -