Ирански скејтбординг!

fotografije-iz-irana-skejtbord-scena-koja-cveta-body-image-1460379358-size_1000

Одеднаш опкружени со тропотот на тркалата на тротоарот, набљудувачите на улицата се вртат за да ја испратат со поглед ордата од триесетина скејтери. Тие пичат со опасна брзина по стрмните улици. Облечени од глава до пети во американски брендови, опремени со го-про камери и со скејтови со костурски глави, делуваат како дел од некоја сцена од југот на Калифорнија. Сепак, не сценава е од Техеран, главниот град на Иран.

За разлика од луѓето од Америка, на Французите им е прилично лесно да го посетат Иран. Откако го поднесов барањето за виза во Амбасадата на Иран во Париз, едноставно седнав на директниот лет од Париз до Техеран (Септември 2015 година). Сакав да ги запознам и да ги фотографирам скејтерите на Исламската Република. Спротивно на сфаќањето на државните органи, младите  Иранци се пријателски расположени кон западниот начин на живот. Ги следев скејтерите што ги запознав во осум различни градови и целесно навлегов во нивниот секојдневен живот.

Од неколку ентузијасти што имав прилика да ги запознам на патувањето разбрав дека постојат околу 2000 скејтери во земјата и тоа се претежно ученици и студенти од 15 до 25 години. Поради проблемите со увозот на американски производи во земјата и инфлацијата, скејтбордингот не е достапен за секого.

„Тоа е скапо хоби тука. Во моментов, тоа е спорт наменет за средната и високата класа, вели Алиреза Ансари, сопственик на првата скејт продавница во земјата -TSIXSTY.

Додека во Техеран се градат скејт паркови, другите градови продолжуваат да ги игнорираат западните спортови. И покрај тоа овој спорт станува се попопуларен во Иран и она што е интересно – еден од ретките што ги консумираат и мажите и жените. Со капите свртени наопаку, со дискретен, но задолжителен превез, девојките возат скејтборд, заедно со момчињата.

Додека лидерите на државата во голема мера се борат со Западот, овие млади луѓе си ги живеат нивните животи газејќи ги патиштата и провлекувајќи се помеѓу француското Пежо и иранскиот цајкан. Улиците на Техеран се нивни.

fotografije-iz-irana-skejtbord-scena-koja-cveta-body-image-1460379679-size_1000

Првата скејт продавница во Иран е отворена пред шест години. Во трговскиот центар во Техеран се продаваат некои од најпопуларните амрикански брендови. Економските и финансиските санкции го принудија Алиреза увозот да го врши преку Дубаи. Портрети на големите лидери висат на ѕидовите во секоја продавница. Иако тоа не е задолжително, Алиреза сé уште ги држи во продавницата за да не навреди одредени клиенти.

fotografije-iz-irana-skejtbord-scena-koja-cveta-body-image-1460379943-size_1000

Група скејтери тргна на средба со другите ентузијасти од земјата. Испахан е првата станица. Пред џамијата на Имам Хомеини плоштадот, Ирфан го влече пајтон.

fotografije-iz-irana-skejtbord-scena-koja-cveta-body-image-1460380387-size_1000

На персиските теписи главно се јаде, пие чај или се одмара. Додека чекаат да им се придружат пријатели од Испахан, скејтерите од Техеран импровизираат на даска без тркала.

fotografije-iz-irana-skejtbord-scena-koja-cveta-body-image-1460380535-size_1000

Големата чаршија во Техеран вообичаено е полна со луѓе, но во Иран петок е ден за одмор. Скејтерите тоа го користат за турата по градските лавиринти.

fotografije-iz-irana-skejtbord-scena-koja-cveta-body-image-1460380631-size_1000

Асхан лета на скејтот пред муралот во јужниот дел на Техеран, на кој е прикажан Рухолах Хомеини, врховниот водач на револуцијата во 1979 година.

fotografije-iz-irana-skejtbord-scena-koja-cveta-body-image-1460380781-size_1000

Во Керман во југоисточниот дел на Иран, и девојките имаат скејтови. Со задолжителни превезии со долги ракави, ова се три девојки кои возат заедно со момчињата.

fotografije-iz-irana-skejtbord-scena-koja-cveta-body-image-1460381033-size_1000

Група млади луѓе од Техеран го продолжува своето патување низ земјата. Блиску до Јазд, го збогатуваат своето патување минувајќи низ планините.

fotografije-iz-irana-skejtbord-scena-koja-cveta-body-image-1460381118-size_1000

Ирфан на децата им покажува како се вози скејт. Некои од нив за прв пат во животот гледаат скејт.

fotografije-iz-irana-skejtbord-scena-koja-cveta-body-image-1460382012-size_1000

Со текот на годините, во секој голем град на Иран формирана е по некоја група скејтери. Иранските градови со својата комбинација на модерната и традиционалната архитектура се нивните игралишта. За разлика од Техеран, во Исфахан не постои скејт парк. Младите скејтери се принудени да користат улица.

fotografije-iz-irana-skejtbord-scena-koja-cveta-body-image-1460382344-size_1000

Âbo atash е најголемиот скејт парк на Блискиот Исток. Изграден е пред три години од страна на германска компанија во Техеран. Од звучниците рока електронска музика, а младите возат скејт, велосипед и ролери. Гледачите седат на трибините и се восхитуваат на триковите пиејќи безалкохолно пиво.

fotografije-iz-irana-skejtbord-scena-koja-cveta-body-image-1460382538-size_1000

Во Техеран, најпросперитетниот град на Иран, живее најголемата скејт заедница во земјата. Скејтерите летаат низ овој град и се снимаат со го-про камери. Овие снимки покасно ќе бидат објавени на Инстаграм, кој за разлика од фејзбук, не е блокиран  од страна на иранската влада.

- Реклама -