Беше 1ви ноември 2005, 4-то коло од групата Х, кога силите ги измерија Интер и Порто. Натпреварот се играше на Џузепе Меаца. Таа вечер беше постигнат еден од најубавите голови во историјата на Лигата на шампионите. Имено, по прекршокот на домаќините во 16-тата минута од натпреварот, Хуго Алмеида ја намести топката, 30-тина метри од противничкиот гол, зема краток залет и упати бомба која ќе се памети уште долго време.
Интер успеа на крајот да направи пресврт и со головите на Круз да слави со конечни 2-1.