Ни поцркаа бананите

260711[1]

Бананите се соочени со сериозен предизвик – им се заканува смртоносна растителна болест која може да доведе до нивно исчезнување. Научниците веќе некое време очајно се обидуваат да најдат лек против таканаречената „панамска болест“ и да го спасат плодот на кој така многу сме навикнати, но истражувањата на новиот вирус на болеста сугерираат дека можно е да нема таков лек.

Панамската болест ги потамани бананските плантажи во Југоисточна Азија и во 50-тите години, кога доведе до исчезнување на најпопуларната сорта во светот – Гро Мишел. Сега се стравува дека патогената габа ќе ја уништи и сортата Кавендиш, која претставува 47 проценти од бананите во светот.

Во моментов панамската болест се има раширено и во региони во Азија, Африка, Блискиот Исток, Австралија и Централна Америка, а можно е да навлезе и во Јужна Америка, каде се одгледува поголемиот дел од светската реколта на банани.

Едно од предложените решенија е да се создаде нова сорта отпорна банана. Според проф. Алтус Вилџон, исто така треба и да се запре извозот од засегнатите земји.

- Реклама -