„Во денешно време, кога исламските терористи убиваат христијани во Брисел и Париз, со бомби разнесуваат мајки и деца кои слават Велигден во Пакистан, кога американските претседателски кандидати повикуваат на муслиманите да им се забрани влез во САД, постои само едно место кое нуди надеж…“, почнува текстот на американската Си-Ен-Ен посветен на Албанија.
Американците пишуваат за Албанија како за „одличен показател дека во повеќето муслимански земји исламот и христијанството можат да се сложуваат и да живеат заедно“. Патем, пишуваат и дека „Албанија е една од најголемите проамерикански земји на светот“.
Новинарката на Си-Ен-Ен вели дека кога ќе прошетате по улиците на Тирана и ќе прашате некој што мисли за САД, ќе добиете само зборови на благодарност, воодушевеност и почит. Додуша реакциите не се така сјајни кога ќе ги прашате за Доналд Трамп, кој не ги крие своите антимуслимански ставови.
„Луѓето одмавнуваат со глава, некои се смејат. Воглавно, реакциите се негативни“, пишува Си-Ен-Ен и во прилог го пренесува ставот на Аурора Чича – биолог од Тирана:
„Делува како лудак. Овде во Албанија, сите ние живееме заедно и не обрнуваме внимание на религиските разлики. Ја гледаме Америка како симбол на демократијата и еднаквоста. Ако Трамп стане претседател, тој симбол ќе биде уништен“.
Никој во Албанија не знае кој е Тед Круз – претседателскиот кандидат противник на Трамп, но штом се спомне Хилари Клинтон, Албанците реагираат речиси оргазмично. Очигледно, тие ја немаат заборавено улогата на нејзиниот сопруг во отцепувањето на Косово и Метохија. Во контекст на тоа, Си-Ен-Ен ја пренесува и изјавата на Еди Рама – сега премиер на Албанија, а тогаш градоначалник на Тирана, кој по отцепувањето на Косово изјави дека „Албанија е најамериканската земја на светот, после самата Америка“.
Патем Си-Ен-Ен ги спомна и Албанците кои заминуваат да ѝ се придружат на Исламска држава, но наведува дека нивниот број е „значително помал отколку во земјите во западна Европа“.
За волја на вистината, Албанија е секуларна земја, а не муслиманска, а згора на тоа е и во НАТО, така што логично е да го сака својот најголем сојузник.