Со феној да не брчите

feniranje[1]

Претседателот на Венецуела упати молба до сите жени во земјата да престанат да користат фен за коса. Ваквото барање се должи на тоа што земјата се соочува со енергетска криза, заради што Николас Мадуро исто така најави и двомесечна редукција на електричната енергија.

Тој апелира до граѓаните да користат алтернативни извори и да направат лични напори во домаќинствата, со што би ја смалиле потрошувачката.

„Жените би требало да користат фен за коса само во специјални прилики. Сметам дека жените подобро изгледаат кога само ќе поминат низ мократа коса со прстите и ќе ја остават природно да се исуши. Тоа е мојата замисла“, рече претседателот.

Покрај проблемот со феновите, домаќинствата ќе треба да ги исклучат и машините за сушење на облека и да ја сушат облеката на воздух, онака, олд-скул.

Колку и да звучи смешно, ситуацијата е сериозна. Дури 70% од електричната енергија на Венецуела доаѓа од браната Гури, југоисточно од Боливар. Нивото на водата е паднато на критична точка, а производната апаратура работи на минимум.

- Реклама -