“The principal will see you now, ми кажа секретарката и со спуштен поглед ми укажа да влезам во канцеларијата на директорот кој го имаше најамериканското име во целиот универзум сé до големиот Big Bang па и подалеку. Неговата Екселенција, Г-дин Роки Џорџ.“
Од копиљ бев непредвидлив. Бев див и нахален и башка бев курназ. Сакав сé и сé сакав секогаш веднаш. Во седмо одделение, кога одвај имав тринаесет години, бев првиот од моите врсници кој гордо се начука на една роденденска забава у комшии. Ноќта, така пијан се качив на дрво за да ӣ пеам серенади на Наташа од седмо четири кога се скрши гранката на која се држев и паднав од пет метри висина. Завршив во болница со обемен и многу сериозен потрес на мозокот и добро е што воопшто преживеав за да го напишам ова а да не звучам како Стивен Хокинг.
Но ова беше само почетокот. Уште пред да слетам во ветената земја и да започнам да месечарамниз големиот американски сон, не само што континуирано се надградував во сé порафинирана бараба туку и предвреме дипломирав легендарно лошо поведение во образовниот систем на родната ми Македонија.
Само две години после инцидентот со дрвото бев избркан од гимназијата каде учев прва средно зошто бев едниот од главните организатори на школска забава што заврши така што ја затвори полиција и приведе неколку пијани малолетници меѓу кои се разбира дека бев и јас.
Во втора средно се префрлив во друга гимназија каде бев малку пофин и каде меѓу другите идиjотштини имав обичај да го злоупотребувам фактот што професорот по историја беше наглув па понекогаш усмено испрашување одговарав отварајќи ја устата без да кажам било што. Сите мислеа дека сум откачен и тоа ми беше причина повеќе да продолжам со таквите кретенлуци. Ова ме направи автохтона ѕвезда во микро космосот на гимназијата и се разбираа дека сите дознаа вклучувајќи го и проофесорот по историја. За кратко ме викаа “рибата“ пошто нели, сум одговарал како риба (тапа надимак, тапа асоцијација – јас да си кажам).
После ова, и покрај високиот просек на крајот од годината, ме замолија ако може сам да си заминам давајќи ми до знаење дека ако не го сторам истото наредната година ќе ми ја направеле пекол.
Со оглед на тоа што беа финки за целата работа па ме замолија културно, трета средно веќе учев во првата америчка гимназија во Скопје каде наставничкиот колегијум беше потолерантен кон моите пубертетски безобразлуци, кон вишокот тостестерон и кон налудничавите манири кои вклучуваа скришно и постојано фотографирање на раширените нозе на професорката по биологија секој пат кога седеше на својата маса за време на едно цело тромесечје.
Фотките ги продавав на соучениците по цена на сендвич за време на голем одмор.
И така, додека на скопскиот аеродром чекав да се чекирам за долгиот лет до САД и до веќе четвртото школо, татко ми кратко јасно и крајно спокојно ми објасни: „Немој да си направил некоја глупост“. Човекот никогаш не беше многу зборлив и не ни требаше нешто многу да ми објаснува затоа што неговиот поглед, остар како Сашими Јанагиба нож на јапонски суши шеф, ветуваше филицид* дококу не го послушав. (*кога родител си го убива детето; Единствена причина зошто го знам терминот е дека мајка ми често го користеше кога на мене и на сестра ми ни објаснуваше за застрашувачкиот поглед на нашиот татко, кој, според неа, влечел корени од Де-Ен-Ка-та некој наш предок, прачичко на татко ми и дедо на Мирче Ацев кој исто така бил и секретар на Илинденското Востание)
За жал, некоку месеци подоцна во Бетани Хај, додека седев на час по шпански и додека повторував по професорката: „Dónde está la biblioteca?“, на разглас се огласи милозвучниот глас на секретарката: „Mr. Peter Oglevskosky, please report to the principal’s office. Mr. Peter Oglevskosky…” Дури и по скоро шест месеци не успеаја ни приближно да ми го изговараат презимето. Тоа ти е.
“Es decir que Pedro. Hay que ir a la oficina del director“, ми кажа благо разроката професорка по шпански и ми дозволи да отидам кај директорот со тоа што претходно ме замоли да преведам тоа што го кажала.
“Тоа си ти Педро, треба да одиш кај директорот“ ӣ преведов на англиски и на крај, како свежо изматен шлаг, досетливо насмеано и со шпанска певливост на нашки го додадов зборот „глупача“ за да ја збунам и да ја разраочам уште повеќе. Глупача!
Немав појма зошто сум повикан кај директорот. Прво што ми падна на памет беше дека има врска со тоа што веќе бев избран да одам на натпревар по Дебата на ниво на државата, но како што ја одминував Крис која седеше во првата клупа, ми текна дека е можеби нешто сосема различно…
Злостворство
Дешаванката со розевиот Кадилак беше супер свежа и колку и да ме болеa душичката и егото, успешно глумев дека “ме заболе“ додека се шетав низ школските ходници и нарочито кога се разминував со помодрениот црнец со кој ме превари Крис. Гордо го кревав погледот како паун опашката, но само севишниот прилепчанец на небото знае колку ме болеше додека се обидував да ги запрам солзите позади силно отворените очи. Истрениран од зезањето со глувиот професор по историја во втора средно, му праќав заканувачки зборови на љубавникот на Крис без да изустам било што. Знаев дека на гадот му е јасно и дека точно знае што значат моите гестикулации со устата. На крајот на краиштата, веќе го имав излупано како магаре само три дена претходно. Но тоа не беше важно. Сѐ уште бев лудо вљубен и љубомората ме беше претворила во гневен тинејџер така што дури ни последните пасивно-полузаканувачни зборови на татко ми пред да заминам не ме спречија да тонам сé подлабоко во темните води на омразата во која се давев од сабајле до следното сабајле.
Стиснав заби и отидов накај канцеларијата на директорот. Пред да влезам повторно се огласи разгласот и беа повикани Крис и црнецот на чие име не се сеќавам, но за потребите на кратката сцена која следува прикладно ќе го наречам Тáјрон.
Сега веќе немаше сумња дека инцидентот со розевиот Кадилак е причината за (можен) укор и/или пострашно. Во чекалната седеше една прилично крупна постара црнкиња со убави црти за која се испостави дека е мајка му на Тáјрон веднаш откако ме погледна. Жената сакаше да ме убие и единствено не бев сигурен дали е тоа заради мирисот на амонија во нејзината кола или заради тоа што й го збумбарив синот миленик.
„The principal will see you now” ми кажа секретарката и со спуштен поглед ми укажа да влезам во канцеларијата на директорот кој го имаше најамериканското име во целиот универзум сé до големиот Big Bang па и подалеку. Неговата Екселенција, Г-дин Роки Џорџ.
Влегов. „Sit ’ya ass down!“ строго ми кажа Мистер Џорџ.
Седнав. „What in the world is going on Peter?“ ме праша додека си ги чепкаше забите со мало картонче искинато од кутијата Марлборо на неговото биро. Првично помислив “со сељаци – сељачки“ и инстинктивно ми дојде да се правам луд и благо аутистичен, но во последната наносекунда одбрав да бидам искрен со доза од проверената тактика каде го глумев сиротото дете од завојуваната бивша Југославија и тоа со треперење на гласот како Шабан Шаулич у најбоље издање. Лепота!
“Сé што сте чуле е вистина Г-дине Џорџ. Посебно ако сум тука за да одговарам за тоа што се степав со Тáјрон и за тоа што се измочав во неговиот Кадилак“ му одговорив со солзи во очите и со треперење на брадулето како да ја пеам Краљице Мога Срца на гореспоменатиот автор.
Пред да стигне да ми каже што било, засветка светленцето на телефонот и Г-дин Џорџ ја штракна опцијата за интерфон: „Chris Jackson and Tyron James are here Mr. George”, повторно се огласи свилениот глас на секретарката.
„Нека почекаат“ беше одговорот на Роки. Знаев дека треба да дејствувам веднаш и веднаш продолжив со тактика дополнително да влијаам и на неговата јужњачка гордост.
„Како што веројатно не знаете, Крис Џексон ми беше девојка сé додека не почна да ме вара со Тáјрон кога се случи инцидентот заради кој сум тука. Што повеќе да ви кажам? Зарем Вие не би изреагирале во најмала рака исто?! А посебно доколку доаѓате од една завојувана земја каде немаме услови за нормално градење на врски!!? Јас само си ја бранев гордоста… I was in love with her, and I still am – don’t you understand Mr. George!?“. Лудило.
На работната маса на Роки, проќелаво дебелко и жбитулесто човече со кратки раце и подуени мали прстиња, имаше остатоци од помфрит и згмечени фолии од бургери од МекДоналдс. Сé уште беше вцрвенет од ручекот кој сигурно бил обемен зошто се потеше и подригнуваше и изгледаше како да ќе експлодира од што стрвно се претупанил со гомна.
Тамам да ми се обрати почна да штуца и не можеше да си ги заврши речениците така што,силом прилике – мораше да си ги сведе мислите на поединечни зборови помеѓу кои во паузите во воздуот како да висеше неизвеснот дали ќе бљуцне или не: “Okay… Gotcha… Two weeks’ detention… Apologize… Get out!”
Среќа. Браво за мене!
Излегов набрзина. По пат му се извинив на Тáјрон со израз на лице како да му ја пеам “Опрости ми ако можеш“ од Шабан и ги одминав мајка му и Крис претпазливо како што шверцер поминува покрај цариник на граница. Со трчање се вратив на часот по шпански кај Г-ѓа Стивенсон за да продолжам да повторувам: „Dónde está la biblioteca?“.
Се разбира, сите дознаа за инцидентот, за тепањето, за варањето и за моето мочање врз розе Кадилакот на мајка му на Тáјрон – сите! И кога викам “сите“ мислам и на татко ми на кој му се јавила Олга одПрилеп, на која ӣ се јавил Мајк, на кој му се јавила Беки, на која ӣ се јавила секратарката на Г-дин Џорџ, на која Роки ӣ кажал екпресно да ӣ се јави… зошто уште кога ме зема од школо, Беки веќе знаеше и ми го даде тоа до знаење најдискретно што можеше: „So, you got a detention from the principal?“ реторично ми се обрати Беки.
Ӣ одговорив потврдно на што таа веднаш ми врати дека сум укорен и по дома затоа што ројално сум ӣ го поебал распоредот и сега морала подоцна да ме зема од школо.
Казна
Како стигнавме дома така веќе ѕвонеше телефонот. Беше татко ми – Јоргован the great.
„Ало“ му кажав со пола уста.
„Што Ало!?“ ми врати во негов стил и продолжи: „Нели се договоривме дека нема да правиш глупости!?“.
Се обидов да му објаснам дека во прашање беа љубов и чест, но нема оправдување за мојот испад што кога ќе размислам вака во ретроспект- сто посто би го повторил, но за разлика од тогаш, сега плуси би му се искењал во на мајка му на Тáјрон розевиот Кадилак!
„Овој месец нема џепарац“ набрзина ми пресуди Јоргован и исклучи пред да можам да му одговорам не па да се изборам за двестете долари кои со мајка ми ми ги праќаа секој петнаести од месецот како некаква социјална помош.
Јоргован отсекогаш удирал каде што најмногу боли и тоа во бруталниот стил на Стивен Сегал, со кршење кичма, виткање лигаменти и превиткување зглобови. Ме удри по џебот и тоа во момент кога должев пари на локални дилери и во време кога почнав да го откривам ноќниот живот на Оклахома Сити а и за некоја недела сакав да одам на концерт на Smashing Pumpkins. Башка тука беше и трошокот за повременото кркање метаамфетамин, и најстрашно од сѐ – немав цигари, а и ден денеска можам без сѐ само без никотин не!
Цигарите беа ицијативната каписла за експресната експлозија на очај. Истата ноќ разговарав со Мајк и со Беки и им објаснив дека сум без скршена пара. Во меѓувреме можев да ја чујам Џес од трпезаријата како раскезено се ситеше на моите маки и поплаки (и да не заборавам да спомнам дека истата ноќ Џес пушеше гордост великомакедонска, за ќеф и за казна – за кого како!).
Им ветив на Мајк и на Беки дека ќе бидам мирен и дека ќе бидам тип-топ и ги преколнував да ми помогнат да заработам некој долар. Остроумниот Мајк ја извади ситуацијата со идеја која подоцна се испостави дека е најстрашната одлука која сум ја направил после ноќта кога три години претходно му го украдов BMW-то на татко ми и кога супер-очекувано ме лупна камион на семафори кај Лептокарија у Карпош 3.
Со оглед на тоа што токму претстојниот викенд беше Spring Break, инаку традиционален амерички пролетен мини распуст со екстра 2 дена лабаво, Мајк, како што спомнав погоре, надувано но остроумно предложи да отидам кај брат му и кај сестра му во руралното градче Мангум каде девојката на брат му имала кафана. Мајк ќе ми средел да работам како шанкер или келнер и, според неговите Амди Бајрам калкулации, за четири дена ќе сум заработел отприлика исто пари колку што ми беше месечниот доход за социјалната помош од моите.
Но, како и сѐ во врска со моето искуство на студент на размена во Америка, и во овој “too good to be true“ момент имаше дополнителен трилер елемент.
Како што Мајк му се јави на брат му за да му прераскаже за мојот проблем и да го замоли да ми помогне, така овој будалиов од другата страна на телефонот веднаш го замоли Мајк ако можело јас да му донесам грас и тоа многу грас, кога ќе сум доаѓал зошто периодот било суво во Мангум. Жити мајка…
СТОП. TIMEOUT.
Чекајте малку драги читатели… Размислете колку е оваа ситуација ненормална. Бев копиљ за кој татко му и мајка му се убиле за да го транспортираат до Америка за подобра иднина и се снаоѓале како стигнат за да платат големи пари за да некоја таму прилепчанка ме вдоми и да ми обезбеди сигурна диплома.
Во мојот случај, прилепчанката ме вдоми кај Мајк кој без око да му трепне ми пресуди со (можни) минимум 10 години робија за дистрибуција на дрога. И тоа не беше сé. Мајк си имаше дилер, но ете, баш тогаш дилерот немаше количина.
“Hey Pit, can you get two pounds of weed from your friends?” ме праша дебелкото и секогаш надувано индијанче… Бев мал и глупав и наивно не ја разбирав тежината на дилот во кој се заплеткував. Сепак не толку наивно, одлучив да заработам од ситуацијата и се тргнав во друга соба кога му свртев на мојот дилер на кој му должев 20 долари и му побарав да ми среди 2 фунти сканк, или скоро 1 кило љут грас по метрички систем – што би рекол Џулс од Pulp Fiction.
Гадот-дилер кој by the way се викаше Гајардо експресно ми кажа “No problem esé”.
„How much?” го прашав.
“25 hundred bro’, and that’s a price just for you” ми даде понуда како да сме на Џон Кенеди у Чаир.
„All I got is 2300 man, take it or leave it, and that includes the 20 bucks I owe you” му се исценкав набрзина и типчето прифати.
Знаев дека ќе ме исече со некоја унца ама ич не ми беше гајле. На Мајк му кажав дека дилот кошта две илјади и шесто, но дека дилерот симнал на две и петсто just for me.
Му се јави назад на брат му за потврда на кој пак му се виде многу, но прифати зошто требаше да тргнам уште утредента и мојата му беше единствена опција што ја имаше. Веднаш му се јавив на Треј пошто ми требаше превоз до Мангум кој е на околу 260 километри јужно-западно од Оклахома Сити. Мајк и Беки веќе беа договорени да одат кај нејзините во Тексас за продолжениот викенд така што немав избор освен да го насамарам Треј.
Отпрвин Треј не беше сигурен, но откако му објаснив дека сум успеал да ќарам околу 100 долари во вредност на кренк додека го договарав дилот помеѓу Гајардо Мајк и брат му, Треј се сложи и со тоа се сложија сите коцки.
Рано сабајле утредента се избацувавме со семејството Вер како за последен пат зошто сите знаевме кој е ризикот доколку ме фатат. Мајк ми ги даде парите и броевите на сестра му и на брат му во Мангум за да им се јавам кога ќе стигнам со циглата грас.
„Be careful Pit” ми кажа Мајк како да ме праќа во војна.
„Don’t worry Mike” му вратив, „we will drive carefully”.
„Oh, I know you will. That’s not what I meant. Be careful in Mangum” и заминаа на пат за Тексас додека јас останав збунет од последното што ми го кажа. Минута подоцна дојде Треј. Го спуштивме покривот од Мустангот и така неупадливо тргнавме во нашата крајно илегална авантура.
Го подигнавме пакетот грас на една осамена бензинска станица на излез од градот. Ја скривме циглата на најочигледното место – во резервната гума во гепекот на Мустангот на Треј и тргнавме на пат до Мангум со дополнитени три грама опак метаамфетамин кој пo цел пат го кркавме како стрвни коњи.
Три саата пат ни поминаа како да гледаме продолжеток на финале на светско. Додека си кажал “кренк“ стигнавме во Мангум. Дури и Треј кој беше заколнат оклахоманец не го очекуваше хардкорот кој беше насекаде околу нас. “I feel like Alice in Wonderland” беше првото што го кажа Треј кога влеговме во градчето кое десетина години подоцна се прослави во филмот “Пиво за моите коњи”.
Мангум ветуваше ужас уште на “SLOW DOWN“ знакот на влез во градчето. Ама мене не ми беше битно. Бев на мисија да заработам пари по секоја цена.
Следното поглавје за 2-3 недели…