Малта е најмрзлива земја на светот, Србите четврти, Грција последна!

Медицинскиот журнал The Lancet направил опсежна студија во која биле вклучени 122 земји од целиот свет. Студијата вклучувала серија анкети поврзани со животниот стил, т.е. со физичката активност на жителите. Убедливо најмрзлива земја во светот е Малта, со 71,9 проценти неактивни жители.

Критериумите според кои е спроведена студијата се: минимум 5 пати неделно по 30 минути лесна физичка активност, 3 пати неделно интензивна физичка активност во времетраење од 20 минути и еквивалент на 600 метаболички минути во текот на една седмица.

На второто и третото место на листата се најдоа Свазиленд (69%) и Саудиска Арабија (68,9%), додека на високото четврто место на најмрзливи нации во светот се најдоа нашите северни соседи, Србија. Кај нив, како физички неактивни се изјасниле дури 68,3 проценти од жителите.

Прочитајте и:  Швајцарија го повлече пченкарното брашно од Србија од пазарот: Петпати повеќе афлатоксин од дозволеното

На прв поглед, оваа анкета делува малку сомнително, поради фактот што САД (земјата со убедливо најдебели жители во целиот свет) се наоѓа дури на 40-то место на листата, а нашиот јужен сосед, Грција, земја со најдебели жители во Европа и убедливо најголем процент на пушачи во рамките на ЕУ, е рангирана последна, на 122 место, т.е. е оценета како најактивна од вклучените земји, со само 16 проценти неактивност. [Britain dubbed ‘one of the laziest countries in world’]

- Реклама -