Само будалите излегуваат на улица во 17:45 часот во Мексико

killing

Том Вајнрајт е автор на книгата „Наркономика“ и поранешен главен дописник на The Economist за Мексико Сити. За интервју за Business Insider објасни која е причината што во некои делови од Мексико, луѓето се предупредени да не излегуваат надвор во 17:45 часот. Токму тоа е советот што Вајнрајт го добил кога бил во Сиудад де Хуарез – регионот во кој во последните години има најмногу убиства повразни со нарко-бизнисите, и побарал неколку совети околу личната безбедност од еден вработен во локалната мртовечница.

Имено, нарко-картелите многу сериозно го сфаќаат пи-ар-от и маркетингот. Несомнено, тие и те како се грижат за својот имиџ. Како резултат, многу од картелите ги вршат убиствата токму во овој момент од денот, сé со цел за да може тоа да е прва и главна вест во вестите во 18 часот. Вестите се нивниот пи-ар медиум – тоа е начинот на кој картелите ги заплашуваат конкурентите, се закануваат на полицијата и влеваат страв во коските на обичното население. Понекогаш и намерно вршат убиства на територијата на конкурентските картели, сé со цел да ги привлечат армијата и полицијата во овој регион и да им го отежнат животот на непријателите. Гледајте на тоа како брендирање.

- Реклама -