Кога Фабиан Бартез направи огромна грешка и беше прогласен за кловн од страна на навивачите на Јунајтед.
Беше миленик на Французите, а богами и на целиот свет. Го обожаваа и навивачите на Јунајтед. Па им донесе две титули во домашното натпреварување. Но, една работа нема да му ја заборават.
Станува збор за натпреварот против Арсенал кога на Манчестер не му беше битен резултатот колку одбранувањето на честа. Да не загуби на Хајбери, а камо ли да прими гол од Анри. Токму тоа и се случи, но на начин на кој никој не би поверувал.
Имено, Бартез требаше да дегажира една лесна топка од својот шеснаесетник, но тој буквално му ја подаде топката на својот колега од репрезентацијата, токму Тјери Анри, кој не можеше и не знаеше да згреши од таква ситуација.
Арсенал славеше со 3:1, а Бартез беше прогласен за „кловнот од Манчестер“.
И покрај тоа, Бартез стана миленик на клубот, бидејќи безброј пати ја спасуваше мрежата Манчестер Јунајтед. И бројките си го прават своето. Бартез е еден од оние голмани кои имаат освоено сè што може да се освои. СП 98, ЕП 00, ЛШ 1993 (со Марсеј, кога стана и најмлад голман освојувач на ЛШ. Потоа Касиљас во 2000 му го „лапна“ признанието), и неколку домашни првенства.