Тесните фармерки се штетни за мажите

Тесните фармерки можат да предизвикаат долгорочни проблеми кај мажите, особено кај младите мажи.

Тесните фармерки се во мода бидејќи многу често се среќаваат познати личности кои ги рекламираат и ја зголемуваат нивната продажба. Во едно истражување спроведено во Велика Британија се покажало дека секој седми маж носи тесни фармерки. Сепак, тесните фармерки придонесуваат за зголемување на ризикот од уринарни инфекции и проблеми со тестисите – нагласуваат лекарите.

Во истражување кое опфатило 2.000 испитаници кои носеле тесни фармерки, се покажало дека секој десетти од нив доживеал некакви непријатности од тесните фармерки. Носењето тесни фармерки може да го зголеми ризикот од инфекции на уринарниот тракт и мочниот меур, бактериски и габични инфекции, но може и да ја намали плодноста кај мажите, односно да го намали бројот на сперматозоиди.

Прочитајте и:  Научници го открија клучот за лекување на Алцхајмеровата болест пред да се појават симптомите

Експертите нагласуваат дека не се против носењето фармерки, меѓутоа многу е важно тие да бидат доволно широки во пределот на препоните за да се остави простор овие делови од телото нормално да функционираат.

За жал денеска младите го ризикуваат здравјето пред модата иако се свесни за негативните последици не само на тесните фармерки туку и на тесната долна облека.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -