Старицата што му ја извади душата на познатиот хотел Плаза

618x346[1]

Една од главните теми во Њујорк отсекогаш била онаа за апартманите со ограничена можност за изнајмување. Тоа се места со речиси митски стаус, соби кои постојано се населени од исти станари или од нивни наследници, од 1971 година па наваму.

Овие станари (мнозинството возрасни), обично се презирани од сопствениците на апартманите, а киријата што ја плаќаат е многу пониска од пазарните цени – токму затоа обичните смртници им завидуваат. Во 2012 година, кога стана јасно дека некои од постарите жители на „Сохо“ плаќаат кирија од 55 долари месечно, New York Post напиша „Најдобра зделка во Њујорк: Еднособен стан во Сохо по цена на еден добар стек“.

А сепак, во историјата на ограниченото изнајмување, Фани Ловенштајн е на самиот врв: Цели 35 години таа плаќа околу 500 долари месечно за трособен апартман во хотелот „Плаза“, стан со поглед на Петтата авенија и Централ Парк. Во нормални услови, овој тип на апартман ги чини гостите на хотелот по повеќе од 1.000 долари од вечер.

Вработените во хотелот ја паметат како „огнена“ жена која ја користи секоја можна пукнатина во законот за ограничен наем како да е еден од врврните адвокати за недвижнини. Фани беше градски ексцентрик, и тоа во градот полн со такви како неа. Последните години од својот живот ги помина живеејќи во зграда во сопственост на Доналд Трамп.

Адвокатот Гери Лајман беше правен советник на „Плаза“ во периодот од 1977 до 2004 година, а во тој период работеше и за неколкумина други сопственици, меѓу кои и самиот Трамп. Иако има долго и големо искуство, Ловенштајн му оставила посебно голем впечаток:

„Таа се жалеше за сè. Врескаше. Ви кажувам, затоа што го доживеав. Сите беа ужаснати од неа. Оваа мала жена, која беше на околу 80 години и имаше убава фигура… Ја нарекуваа Елоиз од пеколот“, се сеќава адвокатот.

Историјата на Ловенштајн започнува во времето на Втората светска војна. Многу од големите њујоршки хотели, меѓу кои и „Плаза“ се соочија со финансиски проблеми и решија да изнајмуваат апартманидолгорочно, за да обезбедат постојан месечен наем. Еден од овие апартмани е изнајмен од Лео Ловенштајн, кој тогаш работел во њујоршката берза на акции. За него се претпоставувало дека може без проблем да си плаќа живеалиште по пазарна цена, но ете, тој се решава за апартман со контролирано изнајмување. Три години подоцна тој умира, а договорот за користење на апарманот преоѓа во наследство кај неговата сопруга Фани. А Фани… таа нема намера да мрдне оттаму.

Лајман се сеќава дека немала нешто посебно обемна гардероба и дека обично носела долго палто и мала торба, дури и преку лето. Карактеристичен ѝ бил и акцентот – иако не била Британка, звучела како да е од Британија. Имала софистициран глас, а низ хотелот се шетала како да го поседува. Персоналот ја третирал како VIP персона, иако таа ретко знаела да возврати со благост или дарежливост. Напротив, очигледно ги третирала вработените толку лошо, што дури и години по нејзината смрт, ако нешто тргне наопаку или се скрши, тие по традиција врескаат: „ФАНИ!“ – убедени дека духот на старицата ги прогонува и ужива да ги мачи и после нејзината смрт.

А Ловенштајн беше напаст и за менаџерите на хотелот. Според законот, на закупецот му се гарантирани сите услуги кои биле достапни во времето кога апартманот бил изнајмен: во случајов – темелно чистење еднаш месечно, а кречење – еднаш на неколку години. Фани тоа го знаеше многу добро, а за привилегиите се бореше уште подобро.

Во почетокот на 80-тите години, таа го дава тогашниот сопственик на хотелот (компанијата Westin Corporation) на суд. Причината? „Дефектен ќилим“. Веднаш потоа изјави дека Westin се обидуваат да ја убијат со отровна боја. Сопствениците беа приморани да изнајмат експерти кои ќе земат примероци од бојата и ќе докажат дека тоа не е случај. Ловенштајн, пак, им се пожали и на здравствените власти, кои исто така не пронајдоа ништо.

Plaza-Hotel-New-York[1]

Во 1987 година Доналд Трамп го купува „Плаза“. Кога преговорите за договорот почнале, Трамп прашал какви се обврските на хотелот. Според тоа што Трамп го изјави за New York Times, одговорот што го добил е „Најголемиот проблем е… Фани Ловенштајн“. За мир во куќа, тој ѝ предложил апартман речиси 10 пати поголем од нејзиниот, со поглед кон Централ Парк, и тоа без да плаќа кирија, доживотно. Покрај тоа добила и сосема нов мебел, нова храна (ново мени) и сè друго што можело да се поднови. Старицата се согласила, нерадо, но побарала и пијано. Добила и тоа – марка Steinway.

Во меѓувреме, Лајман ја негираше оваа информација и спореше дека старицата некогаш воопшто  се преселила во друг апартман на хотелот, или пак дека живеела бесплатно. Сепак потврдува дека кога Трамп го завршил купувањето, Ловенштајн инсистирала на лична средба со новиот сопственик. И средбата ја добила, со тоа што Лајман нема повеќе детали, освен што таа побарала од Трамп адвокатот да излезе од собата. Трамп се однесувал како џентлмен, по линија на помал отпор, па така и било.

Но „медениот месец“ траел кратко. Здравјето на Ловенштајн се влошува, а таа е сé поубедена дека тоа е заради отровната боја во собата. Затоа се преселеува во Парк Лејн, дури и по цена што таму ќе мора да плаќа полн износ за престој. Умира на 28 април 1992 година, а со неа и ерата на „ограничен наем“ во хотелот „Плаза“. Некои одат дотаму што ќе речат дека со неа си заминува и стариот Њујорк. Други, пак – дека ги огреало сонце.

- Реклама -