Не се палиме само ние на ракомет!

Вчера Загреб заврши голема работа, совладувајќи го Рајан Некар на домашен терен со потребните два гола разлика. Првиот натпревар се одигра во Германија и заврши 24:23 за домаќините. На 15 секунди до крајот, одбраниците на легендарниот Веселин Вујовиќ имаа предност од еден гол разлика. Добривоје Марковиќ го запечати натпреварот постигнувајќи го потребниот гол за пласман во четврт-финалната фаза. Интересно е и дека коментаторот го прослави голот на Србинот, на светски начин.

- Реклама -