Рецепт за прочуениот војнички грав од ЈНА

grav-520x260[1]

Од сите приказни за служењето во ЈНА, некако најубава и најносталгична е таа за војничкиот грав што го приготвувала југословенската војска. Во меѓувреме, специјализираниот готвач беше објавен на веб-страницата „ЈНАкухар“ (линк), со што им се овозможува и на цивилите да уживаат во вкусот на „најдобриот грав“.

Состојки:

• 120 грама грав
• 8 грама пченично брашно тип 800
• 20 грама кромид
• 1 грам лук
• 10 грама морков
• 3 грама концентрат од сок од домат
• 100 грама говедско месо
• 20 грама маст или масло
• 0.3 грама црвен пипер во прав
• 0.1 грама бибер
• 1 гранче магдонос
• 1 грам додаток за јадења (вегета)
• 0.01 грам ловоров лист
• Сол по вкус

* Овие мерки се однесуваат за околу 5 децилитри готово јадење.

Готвачите на  ЈНА препорачуваат да не се меша гравот сè до неговото запржување.

Подготовка:

Истребениот грав се потопува во студена вода водејќи сметка притоа да има доволна количина вода за да не ја „испие“ целата при набабрувањето и да остане сув.

Потопениот грав се остава да отстои од 1 до 3 часа, на студено место. Потоа водата се процедува, па се налева нова студена вода и се става на оган на околу 10-15 минути, додека да зоврие.

Во меѓувреме, на малку врело масло се додава половина ситно сецкан кромид и рендан морков, малку се пржат, па се додава месото, кое е претходно одвоено од коските и исечено на коцки. Сето заедно се динста додека не испари испуштената течност.

Од проварениот грав се цеди водата, па му се додава топла вода и половина ситно сецкан кромид, па се остава да се вари. Кога гравот е полусварен, му се додаваат пржениот кромид и месото. Се вари со повремено долевање топла вода (по потреба) сè додека гравот не омекне.

На малку загреано масло се додава брашно и се пржи додека благо да порумени. Потоа се исклучува и веднаш се додава црвен пипер во прав и ситно сецкан и толчен лук, па добро се меша. На гравот му се додава ловоров лист, зачинот, концентриран сок од домати (претходно разреден во малку млака вода), се посолува и се запржува со постојано мешање за да не се згрутчи запршката.

Гравот со запршката треба да се вари уште 20-30 минути, а потоа се исклучува, се додава мелен бибер, ситно сецкан магдонос и сол по потреба.

Гравот при варењето не смее да се меша до запржувањето!

За посен грав, иста е постапката, може да се додадат суви пиперки, претходно два часа киснети во вода.

jna pasulj

- Реклама -