Plus-size модели: XXXL е новото „нормално“

tess-holliday[1]
Тес Холидеј: 118 килограми, модел.

Ако досега за жените со нормални тела немаше место меѓу анорексичните моделки, денес токму анорексичните моделки се сé повеќе засенети од жени со прекумерна тежина, кои современата поп култура ги промовира под знакот „plus-sizе“ модели и ги претставува како „новото нормално“.

Да, социјалните мрежи ја променија претставата за модата и за убавината, а сепак, за умерените форми повторно нема место. До неодамна вистински хит беа 118-килограми тешката Тес Холидеј и полничката Витни Томсон. Сега дојде ред таквите нови модни кругови да ги населат и машки тела. Ви го претставуваме Зак Микo – првиот plus size машки модел.

miko

Зак Мико е висок речиси два метри, а обемот на половината му е еден метар. Тој буквално е еден голем момак, но тоа очигледно не му пречи да биде подеднакво убав како и послабите машки колеги, благодарение на убавите сини очи и прекрасна насмевка (убав е човекот сеа, нема шо да лажеме). Ламберсексуалците со големи бради и карирани кошули беа вистински хит кон крајот на 2014-та година, а на модните брендови и нивните рекламни кампањи не ѝм требаше долго за да ги официјализираат како најнова мода. И Мико се вклопува во тој изглед – ламберсексуалец со густа брада и непретенциозен изглед. Тој работи за IGM Models и ја претставува нивната нова модна линија наречена Brown (женската верзија е Curve).

3d802af032ba4bb3be22c9d3f648c328-large_trans++Adw0VrjqLWSqJHfZ45Ae0ZZleb6bWx1d7hBxM3Lz0SM[1]„Крајно време е да се намалат нереалните барања и кон мажите, како што се развиените бицепси и плочките на стомакот“ – така беше поздравена појавата на Мико помеѓу Интернет публиката и оние во бизнисот.

„Единствениот проблем кој сум го имал со своето тело е што постојано се прашував што другите ќе си речат за мене. Мојата работа како модел, заедно со мојата прекрасна сопруга, ме научија дека најважно е тоа кој сум сега. Се чувствувам добро таков каков што сум, не заради тоа што сакам да бидам во иднина, туку поради тоа што сум, начинот на кој изгледам сега. Навистина сакам да им помогнам на сите други да го почувствуваат она што јас сум благословен да го чувствувам денеска“, вели тој за Vogue.

zack_miko__le_premier_mannequin_plus_size_de_l___agence_img_models_1244_north_640x440[1]Тоа што Зак Мико си се допаѓа таков каков што е сега е супер. Проблемот е друг – и не е во него лично, туку во новата промена во културата, која сега диктира дека можеш да бидеш што и да посакаш, без воопшто да вложуваш напор. За многумина тоа е правилниот начин на живот, но современото општество има реален проблем.

Зошто да се трудиш и да се грижиш за телото, да спортуваш, да јадеш здраво, ако можеш да ги правиш сите спротивни нешта и пак да си модел? Развлекувајќи ја таа логика, зошто да завршуваш факултет, кога Џек Дорси го создаде Твитер без да има диплома? Зошто да учиш географија, кога ги имаш сите можни мапи на Гугл?

burgerСо наметнувањето на модата на plus size моделите, се наметнува постигнување на успех без работа. Зак Мико е здрав и убав човек, кој се искачи на модната писта и стана познат благодарение на своето стомаче. Прашањето е, ќе се случеше ли ова ако истиот тој Зак Мико не беше надарен со убаво лице? Никаде не се споменува дали спортува (не за фигурата, туку за здравјето) или како се храни. Мико е еден од новите „рол-моделс“ (пример за младите), кои живеењето за моментот и прифаќањето на себе си во сегашноста го воздигнуваат во култ во кој нема место за перспектива и план за иднината.

Луѓето доаѓаат во секакви форми и размери – и тоа е супер. Секој треба да е на чисто со себе си и да се прифати таков каков што е – светол, темен, висок, низок, со остар или заоблен нос. Сепак, тоа не значи дека, прифаќајќи се таков, треба да се запре со грижата за себе.

Главниот проблем со plus size моделите во модата се повторно нереалистичните норми за пропорциите на телото. Тие ги намалуваат сите очекувања од себе и потребата од грижа, труд или цели. Со тоа, тие се претвараат во дел од истото огледало во кое се огледуваа и анорексичните манекенки. И двете се крајности што не треба да се рекламираат како норма.

309B4A0B00000578-0-image-m-4_1453847748866[1]

- Реклама -