Креативен дизајн и шпагети не одат баш најдобро. Барем не досега.
Московската компанија Nikita објави игрив дизајн на пакувањето за тестенини, кој „ги претвара“ тестенините во разни фризури. Барем така изгледаат, кога ќе ги погледнете преку проѕирната пластика на картонската кутија.
Замислете сега ова: Одите во супермаркет и помеѓу десетиците видови невпечатливи шпагети налетувате на овие. Под претпоставка дека се иста цена, кои ќе ги купите? Баш така.