Општина Карпош, оваа сабота, втора година по ред, ќе се вклучи во одбележувањето на светски познатото движење „Час на планетата Земја“. Во организација на Секторот за екологија и енергетска ефикасност при локалната самоуправа, во соработка со Црвен крст на Република Македонија и Светскиот фонд за природа, ќе се спроведе акција која е од еколошки карактер. Имено, преку симболично исклучување на осветлувањето во времетраење од еден час, ќе се испрати порака за спас на планетата Земја. На плоштадот „Делфина“ во населбата Влае, веќе е поставен системот со соларни панели ( 18×135 w=2,4 kw), контролери (3x30A) и инвертор (4,0 kw), на тој начин ќе се заштети електрична енергија и ќе се зголеми енергетската ефикасност преку користење на обновливи извори (сончева светлина).