Казахстанскиот архитект – Ајбек Алмазов никогаш не го напушти детскиот сон за куќичка на дрво. Таква и изгради, со тоа што не е на дрво, туку околу дрво, поставувајќи го централен елемент на куќата висока 12 метри.
Наместо традиционалната квадратна геометрија, куќата на Алмазов има цилиндрична стаклена структура. Можеби таа не нуди премногу приватност, ама приватност нуди околната шума, каква што е оригиналната замисла на градителот, кон која вие уживате глетка од 360 степени.
Како и сите модерни архитектонски експерименти, и овој користи обновливи извори на енергија, како соларни панели или геотермално греење и климатизација.
4-катната куќа, според Daily Mail, била изградена за извесен 38-годишен бизнисмен и чини 240.000 долари.