Што е со дречливо жолтите и зелени патики на ЛОИ 2012?

Ако ги следите Олимписките игри во Лондон, можеби сте го забележале трендот на носење дречливи жолти и зелени патики. На што ли се должи оваа необична мода?

Рајан Сикрест ја објаснува необичната мода на американските атлетичари, цитирајќи го сајтот на нивниот спонзор за опрема, Nike: „За спортистите од тимот на САД, коишто ќе освојат специјален медал, Nike обезбедува специјална опрема која ја носат на подиумот. Многумина од нив ја одбрале светло зелената варијанта, за да го комплетираат победничкиот изглед“.

Ова беше поткрепено и од самата компанија, од каде што излезе соопштението: „Целиот свет гледа и ние сакаме да бидеме сигурни дека спортистот изгледа и се чувствува добро при прославата на својот успех“.

Прочитајте и:  Бајден бара од Конгресот да и отпише долг на Украина од 4.6 милијарди долари

Сè до сега не бевме свесни дека за да се чувствувате добро на подиум мора да носите патики што светат. Но, човек учи додека е жив…

- Реклама -