Навивачите на ПСВ, пример за како не треба

Навивачите на ПСВ, пред осмина-финалниот натпревар од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, имаа главна, негативна улога во центарот на Мадрид.

Локалите во центарот на градот беа резервирани токму за нив. Како и  секоја навивачка група, се загреваа и пиеја пиво пред почетокот на реванш натпреварот. Па како во секоја метропола, така и во Мадрид се собраа неколку просјаци кои сакаа да изнудат некое евро од гостите. Парите ги добија, но на најнавредливиот можен начин.

Навистина е штета што поедини навивачи, на ваков начин ја нарушуваат репутацијата на клубот и дечките кои 120 мнути „гинеа“ на теренот.

Еве ја и реакцијата на директорот на клубот Тор Гербрандс

- Реклама -