Војна што ти ја топли душичката

hans-island-mike-denton[1]

Далеку на северот на Арктикот се наоѓа пустиот остров Ханс, кој стана предмет на сега супер-забавна расправа помеѓу двете земји.

Ненаселениот остров со површина од пола квадратна милја не може да се пофали со некакви природни ресурси, но уште од 1930-тите години трае војната околу него, помеѓу Данска и Канада.

Според Светскиот атлас, Ханс се наоѓа во средината на 35.5 километарски широкиот теснес Нарес, кој ги раздвојува Грендланд, автономната територија на Данска и Канада. Според меѓународните закони, на секоја земја и припаѓа територија до 12 милји (нешто помалку од 20 километри) во внатрешноста на островот, мерено од обалата.

screen_shot_2016-01-08_at_12_04_23_pm[1]Според тоа, Ханс се наоѓа и во дански, но и во канадски води. Светскиот атлас сепак наведува дека Ханс и припаднал на Данска, со одлуката на Постојаниот суд на меѓународната правда, кој беше дел од Лигата на народите во 1933 година. Меѓутоа, кога Лигата на народи се распадна и беше заменета со Обединетите нации, решението за статусот на островот Ханс веќе немаше никакво значење. Прашањето падна во втор план, особено што данските и канадските влади има поголем проблем за решавање – Втората светска војна и Студената војна.

Но, во 1984 година, прашањето повторно е покренато. Таа година дански министер го посети островот и постави данско знаме, а до него шише Бренди и порака: „Добродојдовте на данскиот остров“.

Тоа беше почетокот на вистинска „виски“ војна помеѓу Канада и Данска. До ден денес нема договор по прашањето, а владите на двете земји и понатаму „војуваат“ со виски и се шегуваат околу целата работа. Кога данските војници оддат на островот, оставаат шише ракија и данско знаме, а кога канадските војници одат на Ханс, оставаат шише „Canadian Club“ и порака: „Добредојдовте во Канада“.

canadian-danish-flags-hans-island[1]Во моментов се изработува решение според кое Ханс ќе стане заедничка територија на двете земји. Баш штета, со оглед на тоа што оваа е веројатно најцивилизираната војна водена во историјата.

- Реклама -