Новата генерација на популарниот модел Nissan Micra се тестира интензивно на Стариот континент и се очекува да дебитира во втората половина на годината. Плановите се за производство на над 80.000 автомобили во првата производствена година.
Дизајнот на новата Micra е инспириран од оној на концептот Nissan Sway, прикажан за време на автосалонот во Женева, минатата година. Линиите на автомобилот се мазни, но со остри црти на краевите, покривот е со купеовски пад назад, постои спојлер одзади, а рачките на вратите се интегрирани во задните С-носачи. Новата Nissan Micra ја користи глобалната платформа CMF на Алијансата Renault-Nissan.
– Сметам дека треба да „нападнеме“ поагресивно на ова поле, поради се по исклучително жестоката конкуренција. Затоа ни е потребен добро одмерен глобален модел, максимално адаптиран за локалните услови. Чисто глобален модел нема шанси и ние треба да сме сигурни дека сме конкурентни таму каде што сакаме да бидеме на врвот, истакна директорот на производно планирање на Nissan, Филип Клеј, кој додаде дека новиот автомобил е и новото оружје на брендот во сегментот на субкомпактите, каде компанијата очекува силен настап.
Моделот ќе се прави во фабриката на Renault во Флен, крај Париз, која во моментов ги произведува моделите Clio и Zoe.