25 и 26 март, сите во МКЦ на Bernays Propaganda!

Bernays Propaganda

Ви ја најавуваме промоцијата на новиот албум ПОЛИТИКА од докажаниот македонски бенд Bernays Propaganda со два концерта во Младинскиот културен центар на 25. и 26. март.

Концертите ќе се одржат во киното Фросина, а се замислени како мешавина од пост-панк и театарски перформанс.

Билетите се по цена од 200 денари се пуштени во продажба и може да се набават само на билетарницата на МКЦ.

Новиот, четврти албум по ред на Bernays Propaganda ќе биде достапен на плоча, цд, касета но и за слободно симнување од интернет.

После скопската промоција, бендот заминува на голема европска турнеја.

- Реклама -