Роботите што ја чистеа Фукушима отидоа јабана

fukushima

Научниците се плашеа од овој момент, но ете, се случи и тоа – роботите што беа пратени да го санираат местото каде што се случи топењето на Фукушима – „изумреа“. По нуклеарната катастрофа во 2011-та година, нуклеарната централа стана толку радиоактивна, што на одредени локации беше невозможно да се пратат луѓе за да го расчистат хаосот. Тука стапија на сцена роботите. Трагичното е, што тоа се случи пред само 2 месеца, во јануари, а сега веќе процесот е целосно запрен.

fukushima1[1]Пратените роботи беа контролирани далечински, со цел „да им се помогне“ во расчистувањето на афектираните области. Сепак, откако и тие беа изложени на многу радијација, жиците во роботите добија непоправливи оштетувања. Најлошо од сé, беа потребни неколку години за да се направат роботите.

Роботите требаше да препливаат преку тунелот на ладилничките базени на нуклеарната централа, лоцирани под земја. Потоа требаше да ги извлечат цевките со гориво од реакторот. Работата секако ќе траеше долго време, бидејќи има стотици такви цевки.

Прочитајте и:  Почеток на роботската револуција: Мини робот наговори 12 поголеми да побегнат со него

„Напорите да се расчисти Фукушима, која се смета за најголемата нуклеарна катастрофа по Чернобил во 1986, се под постојано знак прашање откако се случија серија неуспеси и признанието на Tepco дека краткорочните напори да се задржи контаминацијата можат да траат долго и до 30-40 години“, рече Питер Докрил во јануари, кога започна работата.

Досега се исчистени само 10% од централата, а со ова темпо, по сé изгледа дека санирањето на областа ќе трае уште подолго од црните предвидувања на Tepco.

„Пристапот до внатрешноста на централата е екстремно тежок“, вели Маохиро Масуда, директорот од Tepco задолжен за деконтаминација и затворање на нуклеарната централа. „Најголемата пречка е радијацијата“.

- Реклама -