Полски видео спот снимен во Шутка, Топаана и на Битпазар

shutka

Налетавме на видео спотов на полската рап група Trzeci Wymiar (да, оние што имаат соработувано со нашата Легија) и бевме пријатно изненадени. Кој ќе ги знае што пеат, ама интересно е да се види Скопје од перспектива на (конкретнава) група странци, и тоа со фино рапче (мајка ми одобрува) во позадина. Сепак, тоа што освојува се ликовите: нивните реакции, уловените парчиња од нивниот живот и лицата испишани со животни приказни.

- Реклама -