Подемот на „глупавите“ телефони

Mobiele vragenlisjt

Да го баталиш смартфонот е во мода оваа година. Ланскиот оскаровец Еди Редмејн неодамна откри дека си земал старомоден „глупав“ телефон, приклучувајќи се кон толпата од познати личности, кои се вдадоа во бегство од тиранијата на супермоќните модерни уреди.

„Дигиталната детоксификација“ еволуираше од старомодна идеја до целосно нова бранша на забавната индустрија. Во Велика Британија, на пример, за 745 фунти можете да си платите еднонеделна јога и сурфање во Корнвол, кое започнува со ритуално „откажување“ од електронските гаџети.

Се покажува дека смартфоните не се продаваат толку добро колку што се надеваа производителите: продажбата на iPhone опаѓа за прв пат во историјата, а продажбата на другите смартфони бележи прилично побавен раст од темпото на кое се навикнати производителите. Иако смартфоните постојат само една деценија, се чини дека нашата љубов кон нив веќе исчезнува.

Волшебното искуство на пристап до целиот свет, од џебот, брзо стана баналност и постепено беше засенето од неизбежното негодување. Не толку одамна, способноста веднаш да се комуницира со некого, каде и да е во светот, беше незамислива за повеќето луѓе. Сега доволно е да помислиме на тоа и нé фаќа носталгија за старите времиња, времиња во кои можевме да се „исклучиме“. Постојаната употреба на смартфоните веќе се смета за нездрава, ако не и директно опасна по физичкото, емотивното и менталното здравје, а луѓето полека стануваат свесни за тоа колку нашите животи станаа робови на најновите уреди.

И ете, одеднаш ретро-телефоните повторно се во мода: во новото видео, Адел користи телефон на затворање, кој исто така го носи подконтекстот на тоа дека можеш да го затвориш и да „се исклучиш“, без да го бара твоето постојано внимание. Новите „глупави“ телефони како Punkt M01 (на сликата: уред кој служи само за разговори и СМС пораки, батеријата му трае три недели со едно полнење и чини 295 евра) или Light Phone (кој чини околу 90 евра и е опишан како „телефон далеку од телефонот – за презаситени корисници на смартфони) се продаваат исклучително успешно.

47908_10[1]Можно ли е смартфоните да страдаат од истата примарна негативна реакција која ја запре продажбата на електронски книги и електронски читачи? Можно ли е најголемите нови бизнис потфати – социјалните медиуми и економијата на споделување – да бидат погодени од растечкиот број уморни луѓе кои одлучиле да раскинат со постојаната поврзаност на мрежата? Засега тоа изгледа мошне неверојатно, но едно е сигурно – луѓето почнуваат да се прашуваат дали квалитетот на нивниот живот не е влошен заради смартфоните.

Затоа, ајде да истакнеме неколку важни концепти околу новите технологии.

Наместо да бидеме ретроградни и да ги напуштиме, наместо да се плашиме дека тие ќе ни ги преземат животите, помудро е да ги прифатиме исклучителните можности кои тие ги создаваат. Носењето на GPS во џебот, можноста за видео повик со роднина на другиот крај на светот, инстант пристап до светските сознанија – сé се тоа нешта кои ги земаме здраво за готово, но би требало да ги земеме во предвид кога си го поставуваме прашањето: Беше ли животот подобар пред смартфоните?

Новите технологии овозможуваат пристап до ресурси за милиони луѓе, пристап кои инаку тие не би го имале поинаку, до ресурси кои до пред само неколку децении чинеа и до 6-цифрени износи. Смарт-бизнисот создава и нови пазари: Uber има приближна пазарна проценка на 62.5 милијарди долари, а постои единствено благодарение на смартфоните. Брзорастечкиот дел од е-трговијата се одвива токму преку нив. Бонус е можноста моментално да се споредат цените и да се прочитаат критиките на другите купувачи, кои ги штитат потрошувачите од неповолни понуди. Отворениот пристап до податоците за патниот сообраќај, достапен преку телефоните, ги прават системите за превоз во поголемите градови поразбирливи, поприфатливи и поефикасни. Пријателите и роднините ни се блиску  кога имаме потреба од нив – што понекогаш иритира, но е и исклучително корисно. Во земјите во развој, смартфоните служат за ширење на витални здравствени информации, за едукација и за промовирање на социјалните односи.

Да, смартфоните ни го крадат вниманието. Нé мамат да го закопаме погледот во екранот, наместо да уживаме во далеку попријатни работи. Да, како и сите интересни и нови моќни технологии, и смартфоните се предмет на злоупотреба, но неизбежно придонесуваат за недвосмислен раст на општествата. Да, можеби врската со новите технологии се разви до степен на брак, но всушност нема посериозни причини за разделба.

Глупаво е да се враќаме во времето и да се одрекуваме од бенефитите што ги носат новите технологии, кога наместо тоа, сé што ни треба е да повежбаме малку самодисциплина и да научиме да ги користиме како што е најполезно за секој индивидуален сопственик. Не мораш секогаш да си достапен, не мораш секогаш да го слушаш, не мора постојано да ти е во рацете – исто како што не мора потполно да го баталиш. А згора, враќањето кон „глупавите“ телефони нема да реши ништо, особено имајќи ја предвид виртуелната реалност, која ене ја, ја качува последната скала пред да ни заѕвони на врата.

- Реклама -