Следната генерација на Honda Civic, како сугерира прототипот на моделот, претставен на автомобилскиот салон во Женева, ќе има далеку поспортски дизајн.
На крајот на февруари фотографии на прототипот се најдоа во медиумите, а сега Honda официјално го претстави возилото. Хечбекот е со пет врати за Европа и ќе биде за 30 mm поширок, за 20 mm понизок и 130 mm подолг. Civic е многу близу со актуелниот дизајн на брендот кога станува збор за предниот дел, но во задниот има повеќе интересни детали – посебно обликувани задни LED светла и два спојлери, еден на работ на покривот и еден под задниот браник, во долниот дел каде игра улога на дифузер.
Од Honda сеуште нема поединости за ентериерот, но се претпоставува дека тој ќе е сличен на верзиите седан и купе, кои веќе дебитираја во САД. Продажбата на следната генерација Honda Civic во Европа ќе стартуваат во почетокот на 2017 година. Палетата мотори вклучува 1,0-литарски 3-цилиндресрки мотор и 1,5-литарски со четири цилиндри, како и два бензински i-VTEC, а фановите на дизелите ќе добијат освежена верзија на 1.6-литарскиот i-DTEC кој ќе се одликува со поголема моќност и помала потрошувачка. Клиентите на новиот Civic ќе можат да избираат дали нивниот автомобил ќе е со 6-брзински мануелен менувач или со CVT трансмисија.
Производството на Civic за Европа ќе биде во Swindon, во Англија, а сериската верзија на новиот модел треба да дебитира на саемот во Париз во октомври.